Бојана Савиќ

Стани да стоиш

Бојана Савиќ е родена 1985 година во Шабац. Дипломирала на Факултетот за применета уметност во Белград, отсек Конзервација и реставрација на слики. На тој Факултет, од 2010 година, работи како соработничка во наставата, а од 2022, како доцентка. Се занимава со конзервација и реставрација на слики, со сликарство, со традиционално пеење и со пишување раскази. Омажена, мајка на две деца.
Контакт: Instagram @seoskamlada

БИБЕР 06

Данијела Репман

Erzähle mir etwas über dich

Данијела Репман (Сомбор, 1976) завршила магистерски студии по компаративна книжевност. Објавени книги: „Цикличности“ (1997), „По трагата на расфрлените мигови“ (2014), „Место за совршено бегство“ (2015), „Квадратно дишење“ (2018), „Шеќер, мраз и варикина“ (2021), „Стол без потпирач“ (2024). Признанија: финале на 14. Фестивал на европскиот расказ, Загреб – Ријека (2015), награда Вранац за најдобар расказ (2016), прва награда на Белградскиот фестивал за поезија и проза (2018), прва награда на 4. конкурс Марија Јуриќ Загорка (2024).
Контакт: danijelarepman@gmail.com

БИБЕР 06

Драган Симоновски

Снегот

Драган Симоновски пишува раскази кои веројатно никогаш нема да ги сподели бидејќи, искрено, самиот живот е заплетот кој најпривлечно се чита. Како експерт за односи со јавност преку ден, тој навечер станува случаен филозоф. Оваа ретка објава е поглед низ клучалката.
Контакт: dragecc@gmail.com

БИБЕР 06

Емина Ѓелиловиќ-Кевриќ

Петровиќ

Емина Ѓелиловиќ-Кевриќ (Травник,1989) живее во Витез. Магистрирала Б/х/с јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Зеница. Ги објавила следниве дела: збирката поезија „Овој пат без историја“ (Добра књига, 2016), збирката раскази „Избришани животи“ (Добра књига, 2021), збирката поезија „Син ми и јас“ (Planjax, 2021), илустрираната сказна за деца „Tale about the Boy Adi and the Computer“ (проект Stockholm 2023/2024).
Контакт: eminadjelilovic@gmail.com

БИБЕР 06

Ирена Скопљак Бариќ

Птици

Ирена Скопљак Бариќ (Зеница, 1982) е професорка по Хрватски и по Руски јазик и книжевност. Одделни раскази и песни ѝ се наградени, одделни се пофалени и објавени во различни публикации. Објавувала во книжевни списанија, на интернетски портали, и на Третата програма на Хрватското радио. Таа е една од организаторките на Книжевните денови на Загорка во Врбовац, во чиј склоп се доделува наградата ЗА најдобра ГОРКА приказна. Досега ги објавила збирките поезија „Неприврзани“, „Сина мов“ и „Моја“, како и сликовницата „Јас желадот, верверицата Вера и едно далечно езеро“.

БИБЕР 06

Ивана Дилбер

Колекционер

Ивана Дилбер е родена 1974 година во Сплит. Студирала на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб. Живее и работи во Томиславград. Добитничка е на награда за расказ инспириран од делата и животот на А. Г. Матош и на наградата „Марија Јуриќ Загорка“, ЗА најдобра ГОРКА приказна.

БИБЕР 06

Јелена Вукотиќ

Летото што го чекавме

Јелена Вукотиќ (Карловац, 1982) пишува проза. Завршила Филолошко-уметнички факултет во Крагуевац. Наградувана е на конкурсот на библиотеката Браќа Настасијевиќ од Горњи Милановац и на ФЕЛИС од Лазаревац. Раскази и есеи објавува во списанија и зборници во земјата и во регионот. Чека некој да го прочита ракописот за нејзиниот прв роман.
Контакт: jecajovanovic@gmail.com

БИБЕР 06

Јетон Муслиу

Кошмар

Јетон Муслиу (1980) дипломирал новинарство/масовни комуникации во Приштина. Има и магистратура по електронски медиуми. Работел за печатени и електронски медиуми во земјата, во регионот и во Европа. Добитник е на повеќе национални и меѓународни награди за истражувачко новинарство. Во 2009 година беше прогласен за „Новинар на годината“ во Косово. Моментално е уредник на вести во Јавната радио-телевизија на Косово (РТК). Има желба да пишува, но не и храброст да објавува. Расказот за „Бибер“ од областа на литературата е првиот за кој успеа да се убеди себеси да го испрати за објавување.
Контакт: jeton.musliu@live.com, FB @jetonmmusliu, Instagram @jetonmmusliu/ jmm_rks, Linkedin Jeton M Musliu, X Jeton Musliu

БИБЕР 06

Марија Кртиниќ Вецков

Кора од смрека

Марија Кртиниќ Вецков (Смедеревска Паланка, 1986) дипломирала Општа книжевност и теорија на книжевност во Белград. Со години работела како новинарка за култура во весникот Данас. Авторка е на збирката раскази „Матки“ (Треќи Трг, Сребрно дрво и Студентски културен центар Крагуевац) и збирката песни „Заѕидана“ (ИП Прометеј). Добитничка е на наградите Лаза К. Лазаревиќ, Мигот кога мене ми почна војната, едиција Првенац, а била во потесниот избор за наградите Новица Тадиќ, Мак Диздар, Милица Стојадиновиќ Српкиња и Виталовите награди. Живее и работи во Норвешка.

БИБЕР 06

Марија Старчевиќ

Треба нешто да направам со чевлите

Марија Старчевиќ е родена 1982 година во Белград, каде што завршила основно и средно училиште, како и додипломски и магистерски студии на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград. Од 2010 работи како професор по Српски јазик, како лектор и content writer. Ги следи актуелните општествено-политички теми за кои пишува во печатените и електронските медиуми. Мајка е на две девојчиња.

БИБЕР 06

Маријана Чанак

Фустан

Маријана Чанак (Суботица, 1982) завршила студии по книжевност во Нови Сад. Пишува проза. Двократна добитничка е на наградата „Лаза К. Лазаревиќ“ за најдобар необјавен современ расказ и е првата лауреатка на наградата „Воја Чолановиќ“ за најдобра книга раскази (2023). Ја објавила книгата проза „Уличните продавачи на улица“ (2002), збирката раскази „Прамајки“ (2019, прво издание; 2023, проширено издание), романот „Клара, Клариса“ (2022), кој се најде во финалето на НИН-овата награда и на Виталовата награда, збирката раскази „Пат од црвени цигли“ (2023) и романот „Светло тројство“ (2024).
Контакт: https://www.marijanacanak.com/

БИБЕР 06

Мехмет Елези

Црното кутре

Мехмет Елези (1949), новинар, писател, лингвист, дипломат. Дипломирал Албански јазик и литература на Универзитетот во Тирана, а потоа специјализирал Филозофија. Автор е на 12 романи, повеќе збирки раскази, песни, есеи и политички анализи. Автор е на Речник на албанскиот јазик со 41.000 зборови, кои ги нема во речниците на Академијата на науките, и на неколку книги за проблемите на денешниот албански јазик. Работел како новинар и раководител во албанскиот печат. Покрај тоа, бил амбасадор во Швајцарија и во Лихтенштајн. Живее во Тирана.
Контакт: mehmetelezi@gmail.com, FB elezimehmet

БИБЕР 06

Мевлуде Скуроши

Отаде

Мевлуде Скуроши е од Митровица и студира литература во Франкфурт.
Контакт: mskuroshi@gmail.com

БИБЕР 06

Михаило Марковиќ

Конкурс

Михаило Марковиќ живее и работи на Цетиње. Чест му е што неговиот прв објавен расказ е дел од овој важен зборник. Политички науки завршил во Рим, работел на разновидни проекти од цивилното општество во Црна Гора и во Европа. Од сите работни и волонтерски ангажмани, најгорд е за работата од областа на унапредувањето на положбата на луѓето со инвалидитет во Црна Гора.

БИБЕР 06

Милица Лукиќ

Распуст

Милица Лукиќ (1999) дипломирала Драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Пишувала сценарија за филмови и серии, како и драмски текстови. Филмот „Џоника“ на режисерката Ана Ѓуровиќ, чие сценарио го потпишува, прикажан е на регионални и на светски фестивали (Мартовскиот филмски фестивал во Белград, Брач Филм Фестивал во Супетар, Фестивалот Филмски фронт во Нови Сад итн.). Селекторка е на интернационалната селекција на фестивалот за краток филм „Najkraći dani“. Нејзиниот краток расказ „Црвливи цреши“ е објавен во збирката трудови „Рукописи 46“, 2023 година.
Контакт: milicalukic99@gmail.com, Facebook milica.lukic.739

БИБЕР 06

Милош Перишиќ

Цијанид

Милош Перишиќ е роден 1992 година во Аранѓеловац. Повеќе од десет години живеел во Амстердам, во Рим и на југот од Франција. Со расказот "Зборови" го освоил третото место на меѓународниот книжевен конкурс „Бибер“ 05. Наградата Лепосава Мијушковиќ за најдобра ЛГБТ-проза на српски јазик ја добил 2022 година, за расказот "Рунтавата Мара". Есента 2024 година истоимениот филм влегол во претпродукција. Автор е на лирскиот роман "Опатијата Св. Вартоломеј".

БИБЕР 06

Моника Херцег

Тела од вода

Моника Херцег е родена во Сисак 1990. Објавила три збирки поезија и книга драмски текстови. Добитничка е на повеќе од дваесет книжевни награди, меѓу другите и наградите CEI-a Award for Young Writers и – за книгата „Ловостој“ – големата европска биенална награда European Poet of Freedom, која се доделува во Гдањск. Книгите поезија ѝ се преведени на десетина јазици. Живее и работи во Загреб. Велосипедствува, трча и танцува секогаш кога може. Води неколку книжевни проекти во склоп на Хрватското друштво на писателите и Хрватскиот ПЕН центар. Уредничка е во издавачката куќа „Фрактура“.

БИБЕР 06

Нивес Мадуниќ Баришиќ

Чевли

Нивес Мадуниќ Баришиќ е драматургинка и книжевничка. Покрај тоа што со театрите соработува како драматургинка, напишала и низа наградени игрокази и десетина романи и сликовници за деца. Авторските драмски текстови ѝ се изведувани на радио и во театри. Во антологијата на Томислав Сабљак „Секоја приказна на свој начин – хрватскиот женски расказ Вечерњи лист, 1964 – 2004“, печатен ѝ е првиот расказ за возрасни што го напишала. Романот за возрасни „Жените што врескаат во себе“ влегол во финалето за Наградата „Ксавер Шандор Гјалски“ 2024. Авторката живее и работи во Загреб.
Контакт: ljubacc@gmail.com, https://hrvatskodrustvopisaca.hr/hr/clanstvo/clan/nives-madunic-barisic

БИБЕР 06

Симон Мариќ

Америка хито

Симон Мариќ е роден 1988 во Белград. Завршил студии по Англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во истиот град. Автор е на две книги за деца, како и на „Енциклопедијата на савамалските суштества“ (Еверест Медиа, 2016), книга раскази што се занимава со историјата и животот на ова белградско маало. На домашните конкурси е повеќепати наградуван за проза, а расказите му се објавувани и во неколку списанија и зборници. Шестина од својот живот ја минал во Јапонија, а сега пак живее во Белград.

БИБЕР 06

Слободанка Боба Ѓудерија

Мајстор

Родена сум на 2.11.1963 во Шибеник, на Денот на ослободувањето на Шибеник. Од 1965 живеам во Сплит. Првите јавни литературни почетоци ми беа на блогот Marchelina и во „Слободна Далмација“, каде што објавував хуморески во подлистокот „Помет“, под уредништво на Ќиќа Сењановиќ. Сум пишувала колумни за портали и за печатени медиуми во Хрватска, во Србија, во Босна и Херцеговина. Авторка сум на неколку збирки раскази, на две збирки поезија и на еден роман. Членка сум на Хрватското друштво на писатели.
Контакт: Patreon https://www.patreon.com/c/Bobaduderija

БИБЕР 06

Срѓан Миљевиќ

Никогаш не сум рекол тато

Срѓан Миљевиќ (1985) е дипломиран филолог по Општа книжевност и теорија на книжевноста и мастерменаџер во културата. Ангажиран е на проекти од областа на човековите права и помирувањето. Неговите раскази се наградувани на регионалните конкурси во Загреб, Бања Лука, Белград, Ниш... Расказот "Јас, џелат" е награден со втора награда на Фестивалот за европски расказ 2017. На проектот Write the Change за млади од регионот бил ментор за креативно пишување. Првата збирка раскази "На сите ни е првпат" ја објавува 2019 година. Живее и работи во Белград.

БИБЕР 06

Тамара Ковачевиќ

Универзално средство

Тамара Ковачевиќ е родена во Белград 1976 година. Пишува раскази и понекоја песна.
Контакт: https://tamarrako.com/

БИБЕР 06

Татјана Сикима

Креденцот

Татјана Сикима е родена 1973 година во Сисак, СР Хрватска, СФРЈ. Овде во 1979 година е примена во пионери, а овде на раат завршила и основно и средно училиште. Низ школувањето била носителка на бројни награди за поезија. Од 1991 живее и работи во Белград. Работи како новинар и продуцент во Дописништвото на Австриската радио-телевизија ОРФ. Пишува раскази и поезија, а понекогаш добива понекоја награда на конкурсите, кога ќе се сети да испрати нешто. Досега објавувала во разни списанија што се занимаваат со култура. Мајка и баба.
Контакт: Facebook @tatjana.kovacevic.s

БИБЕР 06

Тена Лончаревиќ

Како да се убие човек

Тена Лончаревиќ е родена 1978 г. во Винковци. Професорка е по Хрватски јазик и книжевност, живее и работи во Жупања. Авторка е на збирката раскази "Неми монолози" (Матица хрватска, Винковци, 2020) и "Куќата треба да се урне" (Фрагмент, Сплит, 2024). Си го сака семејството, зборовите, фотографијата и кучето.

БИБЕР 06

Владимира Бециќ

Момчето што ги сакаше ѕвоната

Владимира Бециќ, родена 1971 година во Задар. Авторка на бројни раскази и на три романи: „Орсија“ (2013), „Куќата на скршените кукли“ (2019) и „Почетна нишка“ (2019), на кој се надоврзува и нејзината прва самостојна изложба, „Нишка по нишка“. Добитничка е на награда на конкурсот „Симха Кабилјо“, кој го организира еврејската културна сцена Бејахад (2009) и на West Herzegowina Fest (2019). Освен со пишување и со сликање, традиционално се занимава со лов на легенди и со грижа за своите животински и растителни домашни миленичиња.
Контакт: vladimirabecic@yahoo.com

БИБЕР 06