На Денот на човековите права, 10.12.2025 година, распишан е седмиот конкурс за краток расказ „Бибер“. Кратки раскази можат да праќаат авторки и автори кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик.
Темите на седмиот конкурс се проширени, па авторките и авторите можат да изберат на која тема ќе одговорат.
Не се откажуваме од традиционалните теми на конкурсот „Бибер“: покрај раскази кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството на војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, предвид доаѓаат и раскази што можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази што се занимаваат со соочување со минатото, со разградување на сликата за непријателите, со сочувство за другите, храбри раскази што се осмелуваат да влезат во „непријателска“ кожа, раскази што ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.
Седмиот конкурс го посветуваме на студентките и студентите во Србија, кои во изминатата година ни одржаа безброј лекции за ненасилна борба, солидарност, заедништво, поддршка, љубов, волја, храброст, емпатија, помирување, почитување и други важни општествени вредности. Длабоко го цениме она што студентите го направија и започнаа, па затоа овој конкурс отвора простор и за раскази за нив и нивната борба за правда, слобода и еднаквост.
Конкурсот е отворен до 24.5.2026 година.
Изборот на пристигнатите раскази ќе го направи жирито во состав: Данијела Репман, Лејла Каламујиќ и Жељко Белиниќ. Најмалку дваесет избрани трудови ќе бидат објавени во повеќејазична збирка.
Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди (во бруто износ):
Прва награда: 1.100 евра
Втора награда: 850 евра
Трета награда: 600 евра
Одлуката на жирито ќе биде објавена кон средината на ноември 2026 година.
Конкурсот го организира тимот на „Бибер” на Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.
Праќајте ни ги вашите раскази, се радуваме на читањето,
Тимот „Бибер“
Правила и услови на конкурсот
- Пријавувањето на конкурсот е исклучиво електронски, преку формулар за пријава. На овој начин се обезбедува анонимност, се додека не дојде до отклучување на расказите откако жирито ќе донесе одлука.
- Расказите треба да одговараат на темите на конкурсот..
- Расказот не смее да биде подолг од 9.000 карактери (со празни места).
- Расказот мора да ја запази формата на краток расказ. Други форми (есеи, песни, драми, статии од весници итн.) нема да се разгледуваат.
- Расказот треба да биде напишан на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик (се подразбираат и другите називи на јазици од овие јазични групи, како на пр. српско-хрватски)
- Документот во кој се наоѓа расказот да биде именуван според насловот на расказот.
- Расказот не смее да биде претходно објавуван, интегрално или во склоп на некоја поголема целина (ниту на блог или портал).
- Расказот треба да биде испратен најдоцна до 24.5.2026.
- Авторките и авторите можат да испратат најмногу два кратки раскази.
- Со учеството на конкурсот авторките и авторите се согласуваат нивниот расказ, доколку влезе во потесниот избор, да биде објавен во Бибер збирката.
- Расказите кои ќе бидат вклучени во збирката не смеат да бидат објавени пред самата збирка да излезе од печат без договор со тимот на Бибер.
Доколку расказот не ги исполнува условите на конкурсот, ќе мораме да го дисквалификуваме.






