БИБЕР 01
Мајка ми го зема шишето млеко од куќниот праг, го префрла во сад и го става да се вари. Се врти кон мене додека се мијам над камениот мијалник. „Побрзај, сине, ќе снема леб. И ќе купиш кај Кажа дваес дека мармалад“, вели, фрлајќи ми на масата кратки гаќички и...
БИБЕР 01
Возот се лизгаше речиси нечујно, како да оди на прсти. Крај пругата – напуштена куќа, изрешетана и спалена. Наместо прозорец – зјапнати две големи дупки, како раширени очи исплашени од умирање. На јагленосаното дрво начичкани врани како црни гнили плодови...
БИБЕР 01
Затоа сакаме да ги повикаме авторките и авторите на нов и креативен начин да размислуваат за помирувањето и да нè инспирираат со раскази кои ги надминуваат постоечките предрасуди и вкоренетите непријателства, со приказни кои ги поместуваат границите. И на тој...
БИБЕР 01
„Тато, кажи му да престане!“, ќерка ми Сара вриска додека го брка брата си, кој со исплазен јазик трча околу куќата. „Дино, дај доста ја нервираш сестра ти“, му довикувам, ама тој продолжува да бега, мавтајќи го венецот од цветови што Сара цел ден се мачеше да...
БИБЕР 01
Меѓусебните погледи на двајцата наликуваа час на мека свила, час на заканувачка стрела. Не можеше да се разбере дали сакаа да седат еден наспроти друг или сакаа да станат и да се изгубат од пред очите на другиот, навредувајќи се меѓусебно. „По ѓаволите!“...
БИБЕР 01
Приказната е вистинита, имињата на ликовите се изменети. Светлосен бран ѝ го помеша просторот и ја збуни. Место да излезе во видикот, Луција се подзасолна зад мониторот. Тоа што го виде ѝ го затупка срцето, а светлината заблескоти со мека топлина...
БИБЕР 01
Дедо го викавме Дедо, иако не му беше дедо никому од нас. Не знаевме дали е тој воопшто дедо. Дали има негде во некој град или село деца и внуци. Како се однесуваше кон децата, заклучивме дека нема. Дедо велеше дека сме „гадинки“ и „штетници“. Неколкупати ни...
БИБЕР 01
Пред големите разурнувања се случуваат масовни, но неорганизирани самоубиства. Секој дел од животот ја имаше изгубено смислата! Луѓето зборуваа сами со себе и беа затворени во себе, сосе своите пресметки. Само мал дел револуционери и дисиденти ја одржуваа...
БИБЕР 01
Пензионираниот водник Јозо вади трски за ловење риби од гепекот. Синчето Матан ги поставува на држачите, вади троножни столчиња и го отвора чадорот. „Тато, тато, глеј на другата страна, повторно чејените[1] дошле да ловат риби.“ Таткото Јозо, борец со илјада...
БИБЕР 01
Влегоа заедно во празното купе, а снегот остана надвор. Зрел, сериозен снег. Без светло во куќите, без куќи, без земја околу куќите. Само снег кој не престанува и станува уште посериозен. Бело. И воз кој вози низ белото. И низ црното, зашто е ноќ – и...
БИБЕР 01
Кога конечно излезе, никој не рече ништо, само една рака кришум ја фати за прстите. Брзо ја истргна и ја вовлече во џебот. Неколку минути претходно, таа од своите раце ја изми сета нежност. Ја отстрани од дланките и прстите, триејќи ја кожата со течност за...
БИБЕР 01
Во оваа безмилосна ноќ, изгубен сум во самотијата на мракот! Напуштен скитник, оган изгорен… бесен како вечерниов дожд. Дишам, собирам сила и се судрувам со реалноста, како што се судира онаа молња на врвот на планината! Љубовник одвоен од љубовта,...
БИБЕР 01
Волкот ги крена очите пругоре. Во нив уште живееше трепетот на неколкуте ѕвезди овдеонде расфрлани по сводот, кога со песјаците се нафрли на шепата фатена во примка. Бликна крв по снегот по кој лазеше здивот на декемвриската квечерина и расплете тенки нитки...
БИБЕР 01
Што сѐ може да претставува едно мало шарено стаклено топче? Украс? Дар? Џамлија? Тие прашања ми се мотаат низ глава додека како патник-намерник поминувам низ улиците на Белград. Гледам две момчиња во сенката на закржлавеното стебло како весело играат џамлии на...
БИБЕР 01
На трети во месецот свибањ[1] или мај Тато одлучи да се вратиме. На Мама ѝ се раширија зениците, наликуваа на зениците по првиот џоинт кој го смотав во дворот на куќата на Баба. Сестра ми од шок ја испушти чинијата со овесни снегулки која произведе остар...
БИБЕР 01
Остануваме сами, ветриштата и териерите трчаат по шумата, лаат. Додека си рекол „пиксла“, некој некому му се дал за овој да види што ја јаде неговата душа. Некој некому му паднал в раце и тука сака да остане, сув и смртно спремен. Така деновите минуваат. Во шумата...
БИБЕР 01
Се викаше Амира, ама ни ми даваше мир ниту ме оставаше на мира. Амира. Беше дојдена со родителите во бранот кога многу такви како нив се селеа во земји како мојата. Соучениците колку толку ја прифатија или барем се чинеше дека се трудат да ја прифатат. Јас, јас бев...
БИБЕР 01
Седеше во кафулето и гледаше како од комбето изнесуваат картонски кутии и црни вреќи. Ги редеа пред влезот во зградата и се враќаа по уште. Војничките лакирани чизми се движеа брзо и уиграно, изгледаше како на тие неколку метри простор да изведуваат некаков глув,...
БИБЕР 01
Имам ненормално куче. Сексуално фрустрирано, како што е она кое Сафран Фор го малтретирaл во Украина. Кучињата мора да се шетаат. Ова моево барем трипати на ден, зашто тогаш помалку, малку помалку скока и збифта на табуретката, сушилото за алишта, на малиот на...
БИБЕР 01
Ја доведоа со лисици на рацете и ја внесоа во кафезот во судската сала. Потоа ѝ ги ослободија рацете и ја оставија сама, затворајќи ја железната врата, која испушти звук на шкрипење, како последица од незамаслување од страна на техничкиот персонал. Во салата се...