Лимбо* во летниот период

Тоа летно утро сонцето беше непристојно силно, толку што се чинеше дека невештиот графит „Анти-антифа“ ќе се стопи и ќе исчезне од бетонскиот столб на Железничката станица во Нови Сад. Дотолку повеќе што е напишан со колебање, многу срамежливо, со ситни букви. Осуден...

Срце на фазан

Реџеп Кусиќ-Кусо поради својата наивност понекогаш излегуваше смешен. Веруваше во праведност, а неа никаде ја немаше. Се надеваше дека доброто го победува злото, па по половина живот заклучи дека залудно се надева. Онака како што водата го мазни каменот, Реџеп го...

Нермина, душо моја

Так, так, так, чукаа дрвените налани. Брзо, брзо, побрзо. Так, так по камениот пат нагоре до нивната куќа. Так, так чука срцето посилно од дрвените налани. Ене, онде, уште малку, ја гледам високата бела авлија, дрвената порта. Уште еден чекор или можеби уште илјада....

Да гледаш нанапред значи да бидеш голем човек!

… така, синко, треба да бидеш голем човек – му рече дедо Сабри. – Но јас сум сѐ уште мал, дедо. Имам само 14 години – му возврати Шпресим. – Не, Шпресим – веднаш го поправи дедо му. – Големината не се мери со возраста. Големината е врзана за срцето, не со...

Кристална ваза

  Го расфрли месото од сандакот по цела куќа. Летно време, брзо засмрде. Кој би го јадел ова? Ако го преживеам ова, веќе не јадам месо, се зарекувам. И така во шеесет и петтата стана вегетаријанка. Кога почна сѐ, се собраа сите и побегнаа пред војската што грмеше во...

Застрашувачко минато

  Најавен неред со месеци. Спиење со страв, непознати луѓе околу куќа… Дедо ми ги гледа сите можни вести на телевизија и честопати по завршувањето на вестите тивко вели: „Нешто ќе се случи“ или „Војната е многу лоша, помогни ни Господе да преживееме“. Се раздени...

Стомакот на еден библиотекар

„Хамза, отвори! Хамза, отвори, јас сум, Петар комшијата! Хамза, фрлија граната врз библиотеката, изгоре Вечница…“ „Кога?“, викнав од кујната. „Пред три дена… Хамза, велат дека изгорел внатре и другар ти, оној улавиот!“ „Што?! Не е можно, библиотеката не работи, никој...

Ситнеж

Рози пак остана без работа. „Вработените во тоалетот никако не смеат да се смеат гласно“, рече сопственикот на барот. Посебно не во ситуација кога нацијата се бори за слава. Ги поткрена веѓите и ги наведуваше причините поради кои нема да биде можно да добие никакви...

Риба на јадица

Го слушам тропањето на моите прсти по старата врата исперчена пред мене. Тој живее во сниска зградурија со збрчкана фасада и слепи џамови околу чии рабови се растекува шминка од влага и мувла. Изминативе години многупати поминував покрај оваа зграда, но никогаш не...

Војна е мал збор

Мама ми имаше кажано дека има големи и мали зборови. Учителот Аралампие изгледа само ги знаеше малите оти цело време велеше: да, не и молчи. Ама јас, сепак мислев дека учителот Аралампие е голем човек, оти имаше големо име. Аралампие. Мислиш ќе те голтне со името. Ам....

Прозорци

„Симни се од телевизорот, стоко безопашеста!“, вреска татко ми во бездушниот рамен екран од телевизорот, од кој се криват секогаш истите лица што слабо се грижат за нервите на татко ми, големиот зелен гуштер кој се развлекува по кадифето на позајмениот двосед и удира...

Семејството на чичко Аки

Ми недостасуваат топлите летни утра кога наместо сончевите зраци, кои упорно се обидуваа да ми продрат низ трепките, ме будеше милозвучниот глас на чичко Аки, сепак продорен и ѕвонлив: „Станувајте, пазар, пазар, одам на пазар! Му треба ли некому нешто?“. Не можев да...

O!

Пиејќи кафе и воедно забрзано одејќи, Фахима дојде до онаа трафика, единствената трафика во овој велеград каде што се продаваа весници на нејзиниот мајчин јазик. Купувајќи весници, прошета до најблиското кафе и влезе. Откако ѝ се сретна погледот со погледот на...

Лешник

за мојот срам грев велосипед лешници одговорен е тој не ме слушаше таа се смееше не веруваше бомби паѓаат како дожд во дневникот паѓаат во Дубровник во Вуковар не верувам дека војната ќе потрае само да се зезаат глупаци вели ѝ реков да не се прави глупа кога не си...

Кучето и свињата

(Четири погледи на еден расказ)   Пролог на детството Ми се немаше случено да видам заедно куче и свиња. Ниту бев некој познавач на животот на животните. Секогаш во детството ме нервираа смешките околу вкрстувањето на животните. Навредувачкиот епитет за мазгата...

Јадат луѓето и без нозе

    Дедо ми гласно ги џвака кифличките, забот го боли и жал му е што не го боли некако наглас за и ние да му ја чуеме маката. Савка вели дека кифличките се сјајни, само малку се тврди, вели, па ја болат ушите. На тоа сите се смеат, освен Нада, Нада тоа го сфаќа лично...

Секој ден сум сѐ понемирна

Убаво вели писателот на книгата „Југославија, моја дежела“, кој не бил таму кога беше војната, нека молчи, нека не сере. Еве, ќе молчам. Бев бела мечка. Или ќе зборувам само за она што го знам, на што се сеќавам. Вујко ми го собраа предвечер. Целиот беше зелен. Мама...

Страшни работи

За тоа се молчеше. Ме притиснавте, ама одлучив. Нема да кажам ништо повеќе од ова. Сосема е доволно неколку зборови. Дури и дедо ми би се согласил. Десет години, горе-долу, живееше до нас. Во меѓувреме прво јас, па потоа и сестра ми тргнавме на училиште; моите...

Соба за помирување

„Ромите добро знаат како изгледаат освојувачите, затоа никогаш не им завидувале.“ Анонимен   И денеска се доближи до чевлите кои никогаш не ги исчисти, иако беше чистач на чевли. Во својот сандак ги сокри приказните кои излечија рани, но кои оставија доживотни...

Снег је опет, Снежана

Радиото свири по цел ден. Во дневната соба, на комодата под телевизорот. Радиото е дрвена кафена кутија, марка „Триглав – Искра“. Напред има очи – два метални круга што светат и шест заба – бели пластични типки во темни непца. Никој не се секира премногу за...