БИБЕР 02
„Портите после војна се порти кои најгрубо го покажуваат пеколот, каде што низ нив ниту се влегува ниту се излегува. Таму, на нивниот праг, се наоѓаат убиените, а над нив минуваат сенките на живите мртовци, кои немо плачат за нив. Тагата е длабока, надежта плитка, а...
БИБЕР 02
Бањата е место каде можам гласно да плачам. Таму шуштењето на водата од тушот доминира и го голта моето јачење. Се сеќавам на мајчините зборови: „Немој да плачеш! Биди силна!“ Тие зборови во моето сфаќање ја изедначија слабоста со солзите и живеев во некој вид...
БИБЕР 02
Тоа не е тој мрак. Мракот во моето село тогаш беше погуст и имаше мирис, имаше вкус. Се сеќавам дека устата ми беше полна со тој мрак. Беше рана есен, летото уште не сфати дека поминало. На крајот на селото почнуваше шума која се спушташе надолу, стрмоглаво се...
БИБЕР 02
Две години откако заврши војната започнав да работам во Ѓаковица, во една осигурителна компанија со седиште во Тирана. Сѐ уште не се познавав со сите колеги кога најдов на масата една покана. Еден од колегите од канцеларија го немав сретнато, ми рекоа дека е на одмор,...
БИБЕР 02
Вчера се вратив од Србија, таа земја на мракот, четниците, омразата и прасињата. Еве, уште не сум ги распакувала ни работите, ни душата. Уште сум целата збрчкана, а морам да се средам. Најпрво морам да го однесам апаратот да ми ги развијат сликите… не ми е доволно...
БИБЕР 02
3:03. Дождот престана пред половина час. Рефлекторите ги разголуваат калливите стапки и ѓубрето расфрлено насекаде – пластични вреќички, искинати патики, детски ракавици, глава од плишан зајак… Крај оградата шета маж во маскирна облека. Му приоѓа колегата во сино и...
БИБЕР 02
Урош? Каде е мојот Урош? Не знам каде е. Ниту каде си ти, не знам. Ни каде сум јас. Некогаш одамна ми се чинеше дека таквото знаење и не е ништо друго освен дишење, гледање, живеење. Тоа знаење многу лесно можеше да биде она време кога јас, останувајќи последен буден,...
БИБЕР 02
Kрц, крц, крц. Снегот под неговите нозе создаваше некаква композиција. Еднолична, ист такт и ритам, ама сепак наликуваше на музика. Чизмите длабоко му се закопуваа во снегот и правеа огромни дупки зад него. Тој тешко чекореше, тешко ги извлекуваше нозете од снегот,...
БИБЕР 02
Има ноќи кога сонувам како од раце ми се откинува и бега од мене. Трча ли, трча со калчуните кои зимата 1983 му ги сплетив. Мајчино срце гние кога и чедо ќе ѝ споменат. А моето под земјата години скапува. Не ми дадоа да го видам за последно. Ќиурот и еден човек можеше...
БИБЕР 02
Јусуф седеше под оревот, а цигарата му догоруваше помеѓу пожолтените прсти, горејќи му ги јаболчињата. Мува не го лази! За час изгоре до филтерот. Кога посегна по втора од кутијата, погледот му го запре цветниот фустан што блесна како сновидение: кадрици руса коса...