Адам Пакаи
Лазар
роден е во Белград, 1975 година. Штур во давањето библиографски податоци, без амбиции и големи очекувања. Книжевник со еден објавен роман - „Гробница за Данило Киш“ и збирката раскази „Срби“ од едицијата „Југословени“. Посреќен татко отколку што со него се има усреќено неговата ќерка. Неколку пријатели, понекоја лоша навика, една веспа и куче. Живее на самиот брегот на Панонското Море, збунет од копното околу себе.
Африм Демири
Кучето и свињата
роден 1960 година, во село Сазли, Урошевац, Косово. Со книжевност започна да се занимава во '80 години пишувајќи поезија, кратки раскази и репортажи. Неговите дела неколку пати се наградени на разни конкурси. Во 1994 г. Книжевниот клуб „Де Рада“ ја објави неговата збирка со поезија „Црна панделка“. Во периодот 1997-2015 објавуваше публицистика, како дописник на весникот „Коха диторе“. Во 2003 година ја доби наградата „Дописник на годината“. Исто така, беше соосновач на локалниот весник „Ферпрес“ и уредник на вести во ТВ Тема.
Контакт: af_demiri@hotmail.com
Ана Кнежевиќ
Стомакот на еден библиотекар
(1993) е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Контакт: knezevic_ana@hotmail.com
Андреа Попов Милетиќ
Секој ден сум сѐ понемирна
Нови Сад 1985 г. Победничка на конкурсот за краток расказ на 14. WH Fest (Широки Бријег 2016), добитничка на наградата Првенац, СКЦ Крагујевац, 2013 (автори до 35 години) за книгата „Кротки цртички“ (Bezazlene crtice). Влегува во потесен избор на Vladimir Devidé Haiku Award – IAFOR, Осака, Јапонија 2012. Учесник на финалето на 14. FEKP (Загреб, Риека 2015), Presing 2013, Karlo Bijelicki 2016. Проза, есеј, критика: Rukopisi 36 (Панчево), „За малите и за големите работи“, Белград 2011 (O malim i velikim stvarima), kARTon (Суботица), Afirmator, Republika, PULSE, konkursiregiona, knjizevnost.org, Sveske, Balkan express, strane.ba.
Контакт: andrea.popov.miletic@gmail.com, http://andreapopovmiletic.blogspot.rs
Анела Илијаш
O!
половина хрватска, половина руска млада авторка родена во Москва, каде што минала половина од својот живот, а подоцна се доселила во Хрватска. Во моментов е студентка по јапонологија. Почнала да пишува на руски и на хрватски од својата десетта година, а веќе од дванаесеттата активно почнала да учествува на многу книжевни фестивали. За своите трудови добила бројни руски и хрватски книжевни награди, како и за преводи на новели и поетски збирки од хрватски на руски јазик.
Контакт: anelchyili@gmail.com
Анушка Миновска
Семејството на чичко Аки
родена 1986 г. во Чаир, Скопје. Дипломиран маркетинг економист. Магистер во областа на човечки ресурси во општествените дејности. Убав збор, чист воздух, цветни градини и книги, љубов и возвратена љубов, овие нешта се нејзиниот поволен ветер. Инспирацијата од природата и луѓето во нивните наједноставни и најобични околности ги преведува во уметност, а пак од сите форми на уметноста, пишаниот збор и класичната балетска игра се вистинската Анушка. Секое признание и награда ги посветува на својот сопруг и најдобар другар, помалата сестра и родителите.
Контакт: : аnuska.cvet@yahoo.com, anuska.cvet@gmail.com, https://www.linkedin.com/in/anushka-minovska-b49220a6
Благица Ѓорѓиевска
Ех, да беше убав момент…
родена на 14.2.1960 г. во Прилеп, Македонија. Дипломиран економист-комерцијалист, работам во сметководствено биро како овластен сметководител. Сопруга и мајка. Пишувам поезија, проза и раскази. Дел од мојата поезија е објавена во локалното списание „Стремеж“ и во годишните изданија на „Поетско Маркукуле“.
Контакт: bgjorgievska@yahoo.com
Данило Лучиќ
Фрактури
(1984) роден во Белград, завршил основни и мастер студии на Филолошкиот факултет во Белград, на катедрата за српска книжевност. Ги објавил збирките песни „Белешки за мекото ткиво“ (Beleške o mekom tkivu. SKC Kragujevac, 2013), за која ја има добиено Бранковата награда за 2014 година и „Шрапнели“ (Šrapneli. Arete, 2017). Уредник е во издавачката куќа „Kontrast izdavaštvo“, како и на порталот за книжевност и култура glif.rs. Пишува за порталот Before After, за загрепското списание „Prosvjeta“ и за српското „Harper’s Bazaar“. Живее и работи во Белград.
Драгиќ Цвјетиновиќ
Страшни работи
(1981, Белград), студирал српска и светска книжевност, се занимава со педагошка работа, преведување и пишување. Кратка проза и поезија објавувал во периодиката, во зборници и антологии: „Знак“ (Znak), „Чекори“ (Koraci), „Браничево“ (Braničevo), „Емитор“ (Emitor), „Зелен коњ“ (Zeleni konj, Temišvar), „Авлија“ (Avlija), на сајтот SKC Danilo Kiš (Љубљана), „Збор во просторот“ (Reč u prostoru, SKC Beograd), „Силата на зборовите“ (Snaga riječi), „Црти и рески“ (Crte i reze, Resavska biblioteka), „Од каде се јавувам“ (Odakle zovem, Podgorica), „Аномалија“ (Anomalija, Lazar Komarčić), во изборот од младата српска проза „Пукања“ (Pucanja, Službeni glasnik)... Коавтор е на романот The Castle of Fireflies (2014). Нередовно објавува поезија и друго на zagrej.blogspot.com
Џенета Ровчанин
Чичко Зав
е родена во Сараево во 1994 година. По завршувањето на гимназијата упишува студии по јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Сараево. Во текот на основното и средното образование објавува трудови во училишните списанија. Нејзината прва објавена песна е објавена во меѓународната збирка поезија „Море на дланка – тело од сол“ (More na dlanu – tijelo od soli), потоа следува збирката поезија од десет млади автори „Со поезија го менувам светот“ (Poezijom mijenjam svijet). Пишува и проза и поезија.
Едис Галуши
Соба за помирување
е роден на 6 март 1989 г. во Призрен, Косово. До денес неговите текстови ги објавуваа домашни и меѓународни издавачи и портали. Вреди да се спомене неговиот придонес во културното наследство и во ромската книжевност преку поезијата и театарот и е еден од ретките автори Роми во Косово. Од 2007 до 2014 година работеше во Косовската радио телевезија. Основните студии за англиски јазик и книжевност ги заврши во Косово и Литванија, а магистрираше на истиот отсек на Универзитетот во Загреб. Сега работи како преведувач на албански, англиски и ромски јазик.
Контакт: edisgalushi@gmail.com, https://www.facebook.com/eddy.galjusi
Јасна Радуловиќ
Лешник
(1970) Еден ден ми дојде преку глава поправањето грешки во туѓи текстови и почнав да создавам свои, и текстови, и грешки. Пишувам тешко, нередовно, малку оти сум строга. По струка сум професорка по хрватски јазик и јужнословенски книжевности, по искуство 22 години сум лекторка и редакторка, во моментов фриленсерка во сѐ. Текстот е мојот свет, поинтересен и побитен од овој што го пишувам. Односот на јазикот, мислите и стварноста е подрачјето на мојата љубопитност. Во хороскоп сум ведар интроверт, во подзнак тажен оптимист.
Контакт: jasnarus@yahoo.com
Јована Матевска
Индигото на бесот
е родена во Битола, 1991 година. По професија е дипломиран психолог. Во октомври 2015 година го издава своето првенче, романот „Тамбовските снегови“. Истата година дел е од наградените на конкурсот за краток расказ распишан од Нова Македонија, насловен „Двете дланки”. Во август 2016 г. дигитално излегува и нејзиниот втор роман „Писмата во библиотеката“, кој е награден на проектот за воведување на младите автори во дигиталната издавачка индустрија во соработка со Унеско. Во октомври 2016 година повторно е дел од наградените автори на конкурсот распишан од Нова Македонија, со расказот „Нештовина“.
Контакт: jovanaaa.bt@gmail.com, https://www.facebook.com/jovana.matevska, https://memoaritenazelenookata.wordpress.com/
Лејла Каламујиќ
Снег је опет, Снежана
е родена во Сараево, каде што живее и денес. Завршила студии по филозофија и социологија. Авторка е на две збирки раскази: „Анатомија на насмевката“ (Anatomija osmijeha) и „Викајте ме Естебан“ (Zovite me Esteban). Кратка проза објавува во списанија и на веб-портали од југословенските простори. Расказите ѝ се одделно преведени на десетина јазици.
Контакт: lejlakalamujic@gmail.com
Марјета Ѓока
Војна и љубов
е родена на 8 септември 1993 година во Решен, Мирдита, Албанија. Основно и средно образование заврши во родниот крај, во Решен, а високо образование на Факултетот за странски јазици, отсек француски и англиски јазик, на Универзитетот во Тирана. Со пишување се бави уште од детството, учествувајќи и на мали конкурси. Секогаш привлечена од големите светски писатели, главно француските, се обиде да донесе еден нов дух во книжевноста на Албанците, без да ги занемари оригиналноста и убавините на фолклорот.
Контакт: marjetagjoka1@gmail.com
Мехмет Елези
Липам една балада
публицист, писател, јазичар, дипломат. Роден е во 1949 година во Тропоја, Албанија, дипломирал на Универзитетот во Тирана, албански јазик и книжевност. Постдипломските студии ги заврши на филозофски отсек. Објавени дела: 11 романи, 6 книги со есеи и публицистика, 4 збирки со поезија, 4 книги врзани за денешниот албански јазик, Речник на албанскиот јазик, со околу 41 000 зборови кои не се наоѓаат во академските речници, со етимолошки објаснувања, Речник со имиња на луѓе – 31 000 илирско-албански имиња. Живее во Тирана.
Контакт: m.elezi@bluewin.ch, mehmetelezi@gmail.com, https://www.facebook.com/elezimehmet/
Милан Воркапиќ
Име на таткото – цртичка
е роден во 1953 година, во село Тројврх, општина Огулин, Хрватска. Завршил педагогија во Риека. Поради познатата ситуација, во 1991 година емигрирал во Србија. Живее и работи како професор во Врњачка Бања. Досега добил осум книжевни награди, член е на Здружението на драмски писатели на Србија.
Милица Вучковиќ
Јадат луѓето и без нозе
е родена во 1989 година во Белград. Во 2012 година завршила сликарство на Академијата за применети уметности во Белград, а потоа и мастер студии на истиот отсек 2013 година. Од 2014 година е член на ULUPUDS со статус на самостоен уметник. Имала неколку колективни и пет самостојни изложби. Во 2014 година ја објавила збирката раскази „Рој“ (Roj, Apostrof), која самата ја илустрирала. Живее и работи во Белград.
Контакт: milicavuckovic1@gmail.com
Немања Раичевиќ
Ситнеж
е роден во 1976 година во Нови Сад. Објавил три збирки раскази: „Раскази“ (Priče. Matica Srpska, 2002), „Не е доцна за смеење“ (Nije kasno smejati se. Prometej, 2009) и „На пропатување“ (Na proputovanju. Priča, Srpskog književnog društva, 2014). Расказите му се преведувани на англиски, унгарски и романски јазик. Објавени се во антологиите: „Антидепресив“ (Antidepresiv, Mirjana Bobić-Mojsilović, 2011), „Плејлиста од почетокот на векот“ (Plejlista sa početka veka, Ivan Antić i Slavoljub Marković, 2012), „Простор за мокрото куче“ (Prostor za mokrog psa, Kulturni centar Grad, 2012), „Пукања – избор од младата српска проза“ (Pucanja – izbor iz mlade srpske proze, Vladimir Vukomanović za Službeni glasnik 2012).
https://en.wikipedia.org/wiki/Nemanja_Raičević
Сања Михајловиќ-Костадиновска
Војна е мал збор
e доцент по шпанска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Докторирала на Универзитетот „Комлутенсе“ во Мадрид. Активно се занимава со превод и пишување прозни дела. Добитничка е на повеќе награди за кратки раскази, како и на наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите“ за 2015 година, што ја доделува издавачката куќа „Темплум“.
Контакт: sanja.flf@gmail.com
Сања Радуловиќ
Пловка
е родена на 19 декември 1975 г., во Тешањ (Босна и Херцеговина). Објавила две збирки поезија: „Трепетот на крилјата на мајката птица“ (Lepet krila majke ptice, 2015), „ Прстофат глуварче“ (Prstohvat maslačka, 2017). Застапена е во повеќе од 60 зборници и збирки поезија и проза објавени во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија. Песните ѝ се преведувани на бугарски и италијански јазик и наградувани на регионални и интернационални конкурси во Италија. Нејзиниот расказ „Номад на штикли“ (Nomad na štiklama) 2016 година ја освоил првата награда на регионалниот конкурс на списанието „Авлија“ (Avlija) од Рожаје за најдобар расказ. Живее во Добој (Босна и Херцеговина).
Контакт: sanjara75@gmail.com, https://www.facebook.com/sanjamillion
Срѓан Гагиќ
Прозорци
роден во 1988 г., во Босански Нови (Нови Град), Босна и Херцеговина. Живее во Белград, каде што е запишан на докторски студии по книжевност. Автор е на книгите поезија „Деца во излог“ (Deca u izlogu, 2015), за која ја добил Бранковата награда и Преодна доба (Prelazno doba, 2016). Уредник е на панорамата Меко ткиво: избор од новата поезија од регионот (Meko tkivo: izbor iz nove poezije regiona. Klub A-302, Filozofski fakultet, Zagreb, 2015). Објавува и книжевни прикази и кратка проза. Во моментов е ангажиран на проектот за избор на воена проза, а како уредник соработува со Treći Trg од Белград. Член е на Српското книжевно друштво.
Контакт: srdjangagic@gmail.com
Тања Јаворина
Девојката во портокалова тренерка
е родена во 1988 година, пораснала и живее во Загреб. Додипломски студии по психологија завршила на Филозофскиот факултет во Загреб. Некаде пред крајот на студиите почнала да ја преиспитува својата пасивна улога во општеството и одлучила да ја менува. Ги проширува видиците, ги освестува сопствените привилегии и настојува да проба што повеќе туѓи чевли. Патувањата ѝ се поттик, ментална храна, бегство и терапија. Ги сака приказните од војната. Од средно училиште пишува поезија и кратка проза, обично за своја душа. Ова ѝ е прв објавен текст.
Контакт: tanja.javorina@gmail.com
Вера Калин
Риба на јадица
(1994) е македонски романописец и раскажувач. Добитник е на наградите за краток расказ на весникот „Нова Македонија“ (2013) и „Живко Чинго“ (2014). Нејзините текстови се преведени на бугарски, англиски, српскохрватски и албански јазик и се објавени во неколку книжевни збирки и списанија. Автор е на романот „Бездомникот со златен часовник“ (2015) и на збирката раскази „Ловци на светулки“ (2016). Неодамна стана добитник на државната награда од НУБ „Св. Климент Охридски“ за најчитан автор во земјата за 2016 година.
Контакт: verakalinn@gmail.com, https://www.facebook.com/verakalinn, https://twitter.com/verakalinn, https://mk.linkedin.com/in/verakalinn
Вериме Зимбери – Белули
Застрашувачко минато
родена на 7.7.1987 г. Основно и средно училиште заврши во Слупчане и Липково, Кумановско. Во 2008 г. заврши студии на Економскиот факултет на Државниот универзитет во Тетово. Во 2014 се здоби со титулата магистер на науки за маркетинг менаџмент на ДУТ. Сега е активистка за човекови права, особено за правата на жените. Учествува на многу семинари за мировни акции во рамките на разни невладини здруженија. Учествуваше и на школата за лидершип и говор во јавност, реализиран од ПОИНТЕД – Тетово.
Контакт: zimberi1987@gmail.com, https://www.facebook.com/vera.zimberibeluli