Шести регионален конкурс за краток расказ Бибер

Отворен е шестиот конкурс Бибер

 

Со задоволство ве известуваме дека е отворен шестиот по ред конкурс за краток расказ Бибер. Кратки раскази можат да испратат авторки и автори кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик.

 

Тема на конкурсот

Како и на претходните конкурси Бибер, покрај расказите кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството на војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, предвид доаѓаат и раскази што можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази што се занимаваат со соочување со минатото, со разградување на сликата за непријателите, со сочувство за другите, храбри раскази што се осмелуваат да влезат во „непријателска“ кожа, раскази што ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.

 

Конкурсот е отворен до 26. 05. 2024.

 

Изборот на пристигнатите раскази ќе го направи жирито во состав: Тања Ступар Трифуновиќ, Алмин Каплан и Јасна Димитријевиќ. Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазичен зборник.

Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди:

  1. награда 1.100 евра
  2. награда 850 евра
  3. награда 600 евра

 

Одлуката на жирито ќе биде објавена кон средината на ноември 2024 година.

Конкурсот го организира тимот на Бибер со поддршка на Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.

 

Праќајте ни ги вашите раскази, со задоволство ќе ве читаме,

Тимот Бибер

 


 

Правила и услови на конкурсот

 

  1. Пријавувањето на конкурсот е исклучиво електронски, преку формулар за пријава. На овој начин се обезбедува анонимност, се додека не дојде до отклучување на расказите откако жирито ќе донесе одлука.
  2. Расказите треба да одговараат на темата на конкурсот.
  3. Расказот не смее да биде подолг од 9.000 карактери (со празни места).
  4. Расказот мора да ја запази формата на краток расказ. Други форми (есеи, песни, драми, статии од весници итн.) нема да се разгледуваат.
  5. Расказот треба да биде напишан на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик (се подразбираат и другите називи на јазици од овие јазични групи, како на пр. српско-хрватски)
  6. Документот во кој се наоѓа расказот да биде именуван според насловот на расказот.
  7. Расказот не смее да биде претходно објавуван, интегрално или во склоп на некоја поголема целина (ниту на блог или портал).
  8. Расказот треба да биде испратен најдоцна до 26. 5. 2024.
  9. Авторките и авторите можат да испратат најмногу два кратки раскази.
  10. Со учеството на конкурсот авторките и авторите се согласуваат нивниот расказ, доколку влезе во потесниот избор, да биде објавен во Бибер збирката.
  11. Расказите кои ќе бидат вклучени во збирката не смеат да бидат објавени пред самата збирка да излезе од печат без договор со тимот на Бибер.

 

 

Доколку расказот не ги исполнува условите на конкурсот, ќе мораме да го дисквалификуваме.