Антонела Марушиќ (Нора Верде)
Ципал
Антонела Марушиќ е родена во 1974 година во Дубровник, Хрватска. Со статус на слободна новинарка во моментов соработува со низа хрватски непрофитни медиуми и портали. Пишува и објавува книжевни трудови под книжевното име Нора Верде. Авторка е на прозната книга „Позајми ми смајл“ (Меандар, 2010) и романот „До истекот на резервите“ (Сандорф, 2013). Во моментов работи на збирката кратки раскази под работен наслов „Полигон за невозачи“. Живее и работи во Загреб. Член е на Хрватското друштво на писатели. Линк до нејзината фејсбук-страница: www.facebook.com/NoraVerde123
Арсим Јонузи
Да гледаш нанапред значи да бидеш голем човек!
Арсим Јонузи е роден на 20 јули 1989 година во Куманово, Македонија. Основно и средно образование завршил во родниот град, а додипломските студии во Скопје, област филологија. Сега е на постдипломски студии, област – применета јазичност. Се бави со проза, поезија, изреки, проекти и преводи. До сега објавил две авторски и неколку други преведени дела. Блогот на кој го објавува сето свое авторско и преведувачко творештво е www.ajoni.net
Благица Ѓорѓиевска
Нермина, душо моја
Благица Ѓорѓиевска е родена на 14. 2. 1960. г., во Прилеп. Дипломирана економистка - комерцијалистка на Економскиот факултет во Прилеп. Тековно работи како сметководителка во сметководствено биро во Прилеп. Воедно е сопруга и мајка. Пишува поезија, кратки раскази, а во тек подготвува и роман. Досега нема издадено самостојна книга, но има објавено поезија во „Стремеж“, списание за култура од Прилеп. Како редовна учесничка на „Поетско Маркукуле“ во Прилеп нејзините песни се објавени во зборникот од манифестацијата. Два пати има добиено прво место на конкурс објавен од страна на МРТ Скопје на ниво на Македонија. Контакт: bgjorgievska@yahoo.com
Божидар Кнежевиќ
Ракавици кои светат во мракот
Божидар Кнежевиќ (bkartartart@gmail.com) живее во Нови Сад. Се занимава со литература и со медиуми.
Далип Џ. Гаши
Варг е ви*
Далип Џ. Гаши е роден во Крушец, Скендерај. Факултетот за општа и компаративна книжевност го заврши на Универзитетот во Приштина. Моментално е на постдипломски студии. Тој е основач и раководител на Издавачката куќа „неоКУЛТУРА“. Пишува проза, а овој расказ е прв кој му се објавува.
Дамјан Крстановиќ
Ибрахим
Дамјан Крстановиќ е роден во 1984 година во Осиек, каде што под влијание на околностите завршил преддипломски студии на Економскиот факултет. Бидејќи од економијата не бил задоволен, на 30 години почнал активно да пишува. Ги објавил следните раскази: „Море“ („РЕ“, риечко списание за уметност и култура), „Прикази“ (награда „Вранац“ за најдобар расказ 2015), „2184“ (финалист на натпреварувањето Sea of Words, Барселона 2015), „Песната на мртвото момче“ и „Прикази“ („Књижевна ревија“, огранок на Матица хрватска - Осиек). Во моментов живурка како стручна помош во Центарот за мир, а во слободно време пробува да го заврши својот прв роман.
Диелза Хаџимехмети
Двајцата под една капка дожд!
Диелза Хаџимехмети е родена во 1997 година во Митровица. Студира на Државниот универзитет во Митровица, оддел за инженерство, како и менаџмент на еден колеџ во Приштина. Има неколку објави во списанија и на конкурси.
Драган Буновиќ
Семеја и други птици
Драган Буновиќ, новинар. Роден е во 1945 г. во Рума. Живее во Нови Сад. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Загреб, новинарска насока. Работел во „Радио Нови Сад“. Пишува сатира и раскази. Објавувал и објавува под своето име или под псевдоним, во повеќе печатени и електронски медиуми. Најчесто во сатиричното списание „Јеж“. Автор е на збирките сатирични раскази „Магарешка кашлица“ и „Мачкина кашлица“. Автор е на радио-драмите „Машка мајка“ и „Кутија што свири“. Застапен е во триесетина книги и антологии за сатира и раскази. Има добиено и понекоја награда. Можете да контактирате со него преку dbunović@yahoo.com
Јасна Радуловиќ
Невидливи
Јасна Радуловиќ, непоправлива вљубеничка во Индија, кучиња-скитници, љубеници и пишување. Храбар оптимист и кога е до грло во гомна. Подивува од бес и тага кога се соочува со омраза, неправда, медиумска лага и манипулаација, кога ќе се соочи со она, па знаете веќе, вртење на главата настрана, со спуштањето на ролетните 1941, 1991, 2016 само за да не се види вистината. А вистината се гледа, колку и да ја криете, таа пробива надвор, како упорна дамка. Така и Јасна, не се дава таа, знае што сака и го остварува тоа.
Корана Сердаревиќ
Нивна
Корана Сердаревиќ (Задар, 1982) дипломирала хрватски јазик и книжевност со компаративна книжевност. Работела како новинарка за култура во „Вечерњи лист“ и во „Форум“, била и соработничка во бројни списанија и портали, а и на Третата програма на Хрватското радио. Во 2013 година освоила две први награди за расказ („Ранко Маринковиќ“ и „Златко Томичиќ“), а во 2014 г. била во најтесниот избор за наградата „Вранац“. Во 2015 година во издание на „Фрактура“ објавена ѝ е збирката раскази „Нема што да се направи“. Живее во Загреб, каде што работи како професорка во гимназија и преведувачка од англиски, а можете да ѝ се јавите на korana.serdarevic@gmail.com или на www.facebook.com/korana.neverin
Линдита Комани
Со воз за Сараево
Линдита Комани е авторка на збирката поезија „Постимпресија“ (2012) и на збирката раскази „На јазикот на будењето“ (2015). Од 2003 година објавени ѝ се текстови на албански јазик во: „Поетека“, „Mehr Licht“, „Милосао“, „Фјала“, „Арс“. Учествуваше лично на фестивали во Австрија (2010) и во Хрватска (2015), како и на фестивалите „Регионале Х“ (Австрија, 2010), „Поетека“ (Тирана, 2013), „Врисак“ (Риека, 2014), а е дел и од антологијата „Ревија на мали книжевности на Албанија“ (Загреб, 2014). E-mail: lindita.komani@gmail.com
Маја Славниќ
Немам јас ништо против среќата
Маја Славниќ третина од животот има поминато во Врдник, Белград и Нови Сад. Поранешна новинарка. Последните десет години ги истражува тајните на ПР-от. Многу чита, малку пишува. Контакт: maya.slavnic@gmail.com
Маренглен Чано
Разоружување на статуите
Маренглен Чано е роден на 31 август 1948 година во близина на Саранда, Албанија. Служел во Воената авијација на Албанија речиси триесет години, во одржување на воената техника. Сега е пензионер во емиграција. Контакт: marenglen@hotmail.it
Мехмед Ѓедовиќ
Срце на фазан
Мехмед Ѓедовиќ е роден 1971 година во околината на Тузла, Босна и Херцеговина. Пишува проза, поезија, книги за деца, книжевна критика, есеистика и новинарски текстови. Тој е еден од писателите од Босна и Херцеговина што успешно пишуваат за деца и за возрасни. Објавил петнаесетина книги: „Чај од нане“ и „Кога Булбул се врати“ (збирки раскази); „Сенката на волкот“, „На водата е да тече“ и „Легионер“ (романи); книгата за деца „Трева полна мравки“; „Светло од ламбата“ и „Нешто чудно се случува“ (поезија). Тој е наградуван писател, а неговите дела се преведени на неколку јазици. Член е на Друштвото на писатели на Босна и Херцеговина.
Нада Јелинчиќ
Пионер
Нада Јелинчиќ, дипл. правник, вработена во Бирото на државната управа во Сињ. Сопруга и мајка на две возрасни деца. Задоволство ѝ е да пишува раскази. Контакт: nada.jelincic@gmail.com
Надиа Герас
Кристална ваза
Надиа Герас е родена во Франција, во 1963 година. Дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Белград, филмска и ТВ-режија на Академијата за драмски уметности во Загреб. Двапати станала мајка. Четирипати останала без својот јазик. И покрај тоа и понатаму пишува. Контакт: nadiageras@gmail.com
Петар Бабиќ
На убавиот крbab Дунав*
Петар Бабиќ (Копривница, 1974) основно и средно училиште завршил во Крижевци, а кроатистика дипломирал во Загреб. Го објавил романот „Абецедариум“ и романот-весник „Бабилондон“ (Babylondon). Објавен е во антологијата на хрватската проза од деведесеттите, „22 во сенка“. Коавтор е на збирката проза „Пет автори бараат наслов“. Повеќекратно е наградуван на натпреварите за расказ - „Причигин“ (Pričigin), „Галовиќева есен“ (Galovićeve jeseni) – Копривница, Награда „Славко Колар“, Награда „Златко Томичиќ“, Награда „Стјепан Крањчиќ“. Член е на Подравско-билогорскиот огранок на ДХК и МХ. Живее и работи во Крижевци, каде што ги модерира книжевните средби „Полувреме на поезијата“ (Poluvrijeme poezije).
Петре Димовски
Лек
Петре Димовски е роден во 1946 година во Македонија. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како новинар и професор, а четири години престојувал во Австралија. Сега е главен и одговорен уредник на книжевната ревија „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија. Дебитира со збирката раскази „Преломи“ 1973 година, со која беше номиниран за белградската награда „Младост“. До сега објавил 14 романи, 11 збирки раскази и 6 монодрами за кои добил преку 40 награди и признанија. Контакт: petdimo@yahoo.com
Сандра Цвитковиќ
Деведесет и втора денес
Сандра Цвитковиќ (1992) во моментов живее во Мостар. Завршила преддипломски студии по хрватски и англиски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Мостар, а оваа година ги завршува дипломските студии. Пишува поезија и патописи, а бегството од рутината и стеснетите видици ги лечи со патувања.
Симона Локвенец
Амира
Симона Локвенец (1993) е дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзини раскази и песни се објавени во домашни и меѓународни списанија и збирки. Добитничка е на Втора награда „Блаже Конески“ за есеј (2014), откупна награда на конкурсот за расказ на Нова Македонија (2013), како и награда за најдобар есеј од Транспарентност-Нулта корупција (2010). Има остварено кратки студиски престои во Шпанија, Австрија и Британија каде се дообразовала од областа на јазикот, книжевноста и културата. Контакт: www.facebook.com/simona.lokvenec
Слаѓана Љубичиќ
Лимбо* во летниот период
Слаѓана Љубичиќ (1979) живее во Нови Сад. Студирала психологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад. Се занимавала со новинарство и психолошко советување на воените ветерани и нивните семејства. Активистка и авантуристка. Мајка на едно момче со крупни очи. Можете да ја читате на www.pismasinu.wordpress.com и да ѝ пишете на sladjana021@gmail.com
Сузана Ѓорѓиевска
Да си кажеме што одамна не сме си кажале
Сузана Ѓорѓиевска (Прилеп, 1961) е авторка на стихозбирките „Сенки“ (1997) и „Срна“ (2005), на романот за деца „Сонувачот, купувачот и уште нешто“ (2008) како и на монодрамата „Мегдан“ (2003). Oсновно и средно образование завршила во родниот град, каде денес, со недоодени патеки на новинарство, работи како медицинска сестра. Сузана Ѓорѓиевска е добитничка на поголем број награди меѓу кои: Прва награда за расказ на Здружението на просветни работници-литературни творци на Р Македонија („Под старата јаболкница“, 2008), Прва награда за есеј на списанието „Корени“, Куманово („Мегдан“, 2008), наградата „Живко Чинго“ за расказот „Влегување во песната“ (2011), наградата „Живко Чинго“ за расказот „Богу верен, в брани силен“(2012) и други. Контакт: suzanadostum@gmail.com
Верче Карафилоска
Игра во јагликите
Вера Калин (Верче Карафилоска, 1994) е македонска раскажувачка и писателка на романи. Добитничка е на две национални награди за кратките раскази „Мукавени звезди“ (Нова Македонија, 2013) и „Коси од розова волница“ („Живко Чинго“, 2014). Досега нејзините раскази се преведени на албански и англиски јазик и се застапени во национални збирки и книжевни списанија. Во 2015 година од печат излезе нејзиниот прв роман „Бездомникот со златен часовник“, кој наскоро го очекува и превод на бугарски јазик. Контакт: verakalinn@gmail.com
Владимир Табашевиќ
Војна
Владимир Табашевиќ (1986) е роден во Мостар под полното име Бошњак-Табашевиќ Владимир, од татко Хрват и мајка Србинка. Спроти граѓанската војна на просторите на поранешна Југославија со мајка му се преселува во Белград. Учителката во првите одделенија од основното училиште самоиницијативно од името му го брише татковото презиме Бошњак. Автор е на книгите поезија: „Коагулум“ (2010), „Трагус“ (2011), „Кундак“ (2012) и „Хрватски кундак“ (2014) и романот „Тивко тече Мисисипи“ (2015). Основач е и еден од уредниците на Интернет-списанието „Презупч“ (Prezupč) (prezupc.com). Живее на периферијата на Белград. Можете да го најдете и на www.facebook.com/ljubica.milinic
Жељка Хорват Чеч
Нова доба
Жељка Хорват Чеч е родена во 1986 година во Чаковац. Ја објавила збирката раскази „Каубоец во црвен голф“ и збирките песни „И ѕвездите ѝ се смеат на кревкоста“ и „Мораме да станеме конкретни“ (финалист за наградата „Камов“ (Kamov); Booksin, избор на 6 најдобри книги објавени во 2015 година). Објавена е во антологијата на млади поети од регионот, „Меко ткиво“ во 2013 година е добитничка на наградата „Влезница“ (Ulaznica). Песните ѝ се преведени на англиски, германски, француски и шведски. Живее во Риека, ги организира книжевните трибини „Писателот и граѓанинот“, а за 2016 г. ја подготвува книгата проза со работен наслов „Цртички од село, без свињи“. Објавува во книжевните списанија и настапува на разни фестивали. Можете да ја најдете на www.zhecec.com и www.facebook.com/zhcec