Понор

  Минатата година отидов на изложба на справи за мачење, која се наоѓаше на Калемегдан. Посетителите на изложбата, морбидна сласт и уживање својствени само за нас, ги набљудуваа направите чија цел била со нив човек да се понижи, да се унакаже, да се измачи и да...

Објектив

  Постоеше можност ова патување да заврши со тешка депресија, очај и чувство на длабока беда. Можеби дури и со солзи. Петар добро го знаеше тоа. Ги предвидуваше непогрешливо своите психички состојби и чекаше да се развијат во него до точка на безвраќање, а потоа...

Јави се, истерај ја тагата

  „Па тука беше.“ „Да, точно тука.“ „Тука… тука беше.“ Јосип Рупчиќ гледаше во зеленчуковата градина каде што некогаш стоеше неговата родна куќа. „Што се случило?“ „А што да се случи. Падна граната и готово“, објасни Милан Радовчиќ. „Не помина ни една...

Спасување гуштер

  „Ти си мојот син“, рече. Се муртеше од напор додека претураше по сеќавањето, а потоа ме погледна во градите: „Мислев дека си мртов.“ Седевме на каменото ѕитче на тврдината свртени со грб кон реката, додека Калемегдан се полнеше со шетачи. Ги нишаше нозете над...

Терапија

  Ме гледаше со единственото светлечко око, трамвајот на линијата 9. Потоа повеќе не се сеќавам на ништо, рекоа дека било обид за самоубиство, рекоа дека возачот реагирал навреме и дека патниците седеле во шок. Не верувам. Колку што се сеќавам, тој ден бев само...

Жељана

  Го игнорирав тој мејл со денови. Ми се чинеше, ако го отворам, од него ќе испадне Жељана со својот белградски акцент, ќе мириса на ванила и згаснато детство, на белите ружи на гробот на татко ми што ги оставам секоја година и нејзиното „Чичко Перо, читајте ни...

Така ти требало

  Секогаш сме за поголемите сили. Русија, САД, Германија и Франција. Никој не е за Македонија… Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Хрватска и Словенија се јадат некако, но Албанија и Бугарија – никако. Во светот на игрите, тоа се слабаци. Избереш ли некоја...

Глава

  Често сонувам како на братот на соседот му ја сечат главата на трупец. Во сонот е русокос, како нивниот син, слаб и висок. Оладената септемвриска светлост се пробива низ густата магла заплиснувајќи ги стеблата што ги преслекуваат полека крошните во бавното...

Биди човек, убиј ме

  „Мајката нивна герилска!“, се раздра поручникот. „Ќе се разбуди ли, докторе?“ „Направив сѐ што можев, поручнику. Да остане во изолација?“ „Задолжително. И внимавајте на него.“ „Разбирам.“ Поручникот излезе. Докторот остана да го набљудува младичот во парталите...

Под сенка

  Во најматните мигови на нејзиниот живот се погоди да има војна. Ниту голема, ниту мала војна, од наш светоглед. Од нејзиниот агол на гледање не знаеме бидејќи таа никогаш не прозборе јасно за војната, иако ние и поставувавме прашања во форма: Кога ви почина...

Седумте улични светулки

  Ноќта се прикрадуваше со ситни чекори. Летната приквечерина знаеше да се истегне до бескрај пред да го пушти свежото ветре да го испавка неговото чело. Седеше на куќниот праг држејќи го угаснатото смреково луле во раката и чекаше. Знаеше дека со првиот мрак ќе...

Ладно светло

  Кога и да ја отвори Бути вратата на ладилникот, ладно и влажно светло му го обвива телото. Во неговите очи набрзина предметите во собата ја губат формата. Инстиктивно, набрзина ја затвора вратата и предметите се враќаат во својата големина, а нему му се враќа...

Средба

  Самрак на големата војна. Седумгодишното девојче задишано чекореше по калливиот шумски пат. Косата со боја на слама, натопена од дождот, ѝ паѓаше напред и ѝ го прекриваше измаченото лице во движење. Цело време ја следеа слабникавите стебла неправилно наредени...

Шест

  Вресоци. Штракање на автомати. Молитви кои го бушеа небото. Сирота жена. Животна грешка ѝ се виде што го пушти мажот да оди во војна, а таа сама да се заслони со две деца доенчиња. Кај ѝ бил умот? Кој пат да го фати сега кога сите бегаа безглаво? Каде и да...

Никој не го прави тоа како тие

  Заврши томболата. Не знам кој победи, ама драго ми е што веќе не го слушам гласот од микрофонот и што пензионерите се разидуваат. Нема музика. Нема ни греење. Веќе навикнав дека секогаш ќе ми биде ладно во Единбург. Овде луѓето имаат подебела кожа од нас. Ние...

Во бездната на душата

  Кога Ливањка умре, тој се всели во нејзината куќа. Ливањка беше без пород, иако велат дека некогаш одамна се омажила. Тој се појави одненадеж, се всели во куќата на Хазна и почна да го обиколува гратчето, безволно одговарајќи на прашањата на љубопитниците кои...

Прстен

  I   Го облеков црвениот фустан, па се премислив. Синиот, сепак, изгледаше посоодветен за таа пригода. Се погледнав во огледалото. Косата ми изгледаше ужасно. Како птичјо гнездо. Се обидував да ја замотам во пунџа, ама воопшто не бев задоволна од...

Маче, маче, каракаче

  I   Дедо, те најдов во судењето за Овчара – долго се подготвуваше за овој разговор, читајќи ги записниците од сведочењата под заклетва, извештаите од набљудувачите и новинарите од судењето пред Советот за воени злосторства во Белград, од повтореното судење...

Лето

„На кришка тост мачкаш тенок слој сенф, фрлаш врз тоа парче гауда, па две зимски – по една да заврши во секој триаголник откако по тостирањето го сечеш на половина, ставаш мајонез колку што сакаш и го поклопуваш.“ Така гласи рецептот на чичко Јарко за најдобри тостови...

Карикатурист

  Таа саботна ноќ алармот ѕвонеше во време кога обично лежам в кревет. По утринската рутина, седнав во автомобилот и тргнав на пат. Секој петнаесетти во месецот има панаѓур во Шид, гратче во Срем на српско-хрватската граница. Возењето до таму одамна е веќе...