Абид Јариќ

Во бездната на душата

Абид Јариќ е роден во Дувно, БиХ, 1950 година. Завршил Филозофски факултет во Задар. Од 1997 година живее во Зеница, каде што работи како гимназиски професор и директор. Автор е на значајни трудови од областа на јазикот, книжевноста и педагошката практика. Застапен е во повеќе зборници на кратки раскази. Автор е на четири книги: "Подградински раскази", "Големата дупка" (роман), "Бело на црно" (колумни, статии и коментари) и "Човек во видокругот" (раскази).
Повеќепати е наградуван (Наша ријеч, Улазница, Средби Зија Диздаревиќ, Симха Кабиљо, Милутин Алемпиевиќ и други).
Контакт: jaric.abid@yahoo.com

БИБЕР 03

Африм Демири

Ладно светло

Африм Демири е роден 1960 година, во селото Сазли, Урошевац. Со книжевност почнал да се занимава во 80-тите години, пишувајќи поезија, кратки раскази и репортажи. Неговите дела биле наградувани на повеќе конкурси. Во 1994 година книжевниот клуб Де Рада ја објави неговата збирка поезија "Црна панделка". Во периодот 1997 – 2015 објавувал публицистички написи како дописник на весникот Коха диторе. Во 2003 година ја добил наградата за најдобар дописник од Здружението на новинари на Косово. Тој е и соосновач на локалниот весник Ферпрес и уредник на вестите во ТВ Тема.
Контакт: af_demiri@hotmail.com

БИБЕР 03

Аида Шечиќ Незиревиќ

Снег

Аида Шечиќ Незиревиќ (родена 1978) по струка е лекторка по јужнословенски јазици. Ја објавила збирката песни "Кукла", за која во 2011 година ја добила наградата на Фондацијата Фра Грго Мартиќ за најдобро поетско првенче. За песните и расказите е наградувана во регионот и во странство (Шпанија, Франција). Нејзината Приказна на Силвија е поместена во книгата Lapis Histriae 2019 (необјавена). Пишува и за деца. Во 2012 година учествувала на Сараевските денови на поезијата, а во 2018 година, на книжевниот фестивал На половина пат во Ужице, Србија.
www.aidasecic.wordpress.com

БИБЕР 03

Анета Тасевска Петрушевска

Крадецот

Анета Тасевска Петрушевска е родена 1983 г. во Скопје. Детството го минува во родното Сопиште, местото што засекогаш ќе остане нејзината најголема инспирација.
Средно училиште завршува во ДСУ „Владо Тасевски“, насока – техничар за ПТТ сообраќај, а дипломира на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, како инженер по електротехника и информациски технологии. Денес работи како електроинженер. Пишува поезија и проза. Омилена книга ѝ е "Петтата" гора од Паоло Коељо.

БИБЕР 03

Анте Сториќ

Лето

Анте Сториќ е роден во Шибеник, каде што живее и работи. Дипломирал на Академијата за драмска уметност во Загреб. Автор е на десетина музички спотови, кратки филмови и еден документарен филм. Еден краток расказ му е објавен во зборникот "Се зборува по градот".
Контакт: ante.storic@gmail.com

БИБЕР 03

Беса Калаја

Под сенка

Беса Калаја. Родена во Приштина, каде што дипломирала Албански јазик и книжевност на Приштинскиот универзитет. Повеќе години е новинарка во областа на антикорупцијата. Нејзини истражувања се објавени и во неколку странски медиуми, како што се Osservatorio Balcanii Caucaso и Le Courrier des Balkans. Добитничка е на неколку награди за новинарство, од областа на антикорупцијата, човековите права и борбата против сиромаштијата. Се занимава со уредување и лектура, како и со истражувања за организации и медиуми во Косово. Неколку нејзини кратки раскази се објавени на домашни портали за култура.

БИБЕР 03

Бојан Тодоровиќ

Карикатурист

Бојан Тодоровиќ е роден на 19.11.1992 во Шабац. Објавуван е во книжевните зборници "На улица газат боси луѓе" и "Сањаториум", во рамките на проектот Работилница за креативно пишување на новосадскиот CK13, како и во разни книжевни портали (Strane, Eckermann, Rez...). Неговиот поетски ракопис "Чарли или добрите момчиња од лоши држави" ги добил наградите Милутин Боиќ и Првенец. Збирката е објавена кон крајот на 2016. Бојан живее и работи во Нови Сад.
bojantodorovic.tumblr.com
instagram.com/bojancharlie

БИБЕР 03

Бојана Бабиќ

Никој не го прави тоа како тие

Бојана Бабиќ е родена во Панчево, 1990 година. Завршила основни студии по драматургија во Белград и магистерски студии по филм на универзитети во Португалија, во Шкотска и во Естонија. Пишува проза, филмски сценарија и театарски дела. Објавувала кратки раскази во зборниците "Рукописи" и "Одакле зовем", наградувана е на конкурсите Улазница 2013 и Стеван Сремац 2015 година. Живее и работи во Талин.

БИБЕР 03

Димитрие Буквиќ

Биди човек, убиј ме

Димитрие Буквиќ, роден во Белград 1985 г., социолог, новинар и писател. Објавувал раскази во Србија, БиХ, Црна Гора и Хрватска. Победник е на фестивалот за млади писатели Српско перо, на конкурсот на Народната библиотека во Бор и на конкурсот Миодраг Борисављевиќ. Автор е на збирката раскази "Секоја добива" (Партизанска книга, 2017) и на публицистичките дела "Кафанолошки астал/Кариран чаршаф" (со Драгољуб Б. Ѓорѓевиќ, 2014) и "Шеесет и осма - педесет години подоцна" (2018). По зборникот Бибер, ќе може помпезно да напише: преведуван на повеќето јазици во регионот. И еве, штотуку го напиша тоа.
Контакт: dimitrije.bukvic@gmail.com

БИБЕР 03

Драгана Ранѓеловиќ

Објектив

Драгана Ранѓеловиќ е родена 1979 година во Ќуприја. Завршила дипломски и магистерски студии на Филолошкиот факултет во Белград, отсек Српска книжевност и јазик со општа книжевност. Покрај стручни текстови од областа на книжевната критика и методиката на настава, пишува и песни за деца за списанието Гороцвет.
Нејзините раскази се најдоа во електронски списанија, во книжевното списание Кораци, како и во збирките Бележник, Како ја убив љубовта, Црти и реси 5 и Нушиќијада. Живее и работи како професор по српски јазик во Деспотовац.
Контакт: draganasrp@gmail.com

БИБЕР 03

Ернад Осмиќ

Во мајчина ти

Ернад Осмиќ е роден 1989 година во Брчко (БиХ). Во 1992 година со семејството се сели во Хамбург (Германија), во родниот град се враќа 1999 година, а нешто подоцна почнува да пишува. Објавил две збирки поезија: "Инаетот на јазикот" и "Босански робот". Има ќерка. Се вика Лејла.
https://ernadosmic.blogspot.com/

БИБЕР 03

Габриел Делиќ

Јави се, истерај ја тагата

Габриел Делиќ е роден на 14 мај 1998 година во Загреб. Расказот објавен во оваа збирка воедно е и прв негов објавен расказ, но сигурно не и последен. Верува дека Бибер и тој ќе се сретнат и во 2021 година, кога конкурсот повторно ќе биде активен.

БИБЕР 03

Гордана Стојаноска

Седумте улични светулки

Гордана Стојаноска е родена на 14 мај 1969 г. во Битола. Доктор е по социолошки науки и работи како вонреден професор на Педагошкиот факултет, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Авторка е на поетските книги: "Збор за зборот", во коавторство со Златко Жоглев и Даниела Андоновска – Трајковска, и "Поема за маргините", во коавторство со Даниела Андоновска – Трајковска. Добитничка е на наградите Nosside XXVII, 2011 Италија и Владимир Костов 2014 и лауреатка на Григор Прличев за најдобра поема 2017 година, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.
Контакт: gorde969@hotmail.com

БИБЕР 03

Имер Топаница

Шест

Imer Topanica je poznat kao pjesnik i prozaista. Autor je dviju knjiga: romana "Putnici" (Princi, Tirana 2013) i pjesničke zbirke "Snop svjetlosti" (Rrokullia, Priština 2014). Već godinama se bavi i novinarstvom. Objavio je pjesme i priče u poznatim književnim časopisima kao što su Jeta e Re, Verbi, Ilz, Akademia, Oaza itd. Uskoro izlazi iz štampe i njegova treća knjiga, pjesnička zbirka "Nedovoljne bilješke".
Kontakt: i.topanica@gmail.com, www.facebook.com/imer.topanica

БИБЕР 03

Исидора Петровиќ

Терапија

Исидора Петровиќ е роденa во Белград 1976 година. По завршената гимназија, се запишува на Биолошкиот факултет, на којшто, години подоцна, стекнува и звање доктор на науки во областа на молекуларната биологија. И професионално и приватно го истражува животот. Кратки раскази и поезија објавувала во збирките и зборниците Се чини дека доаѓа југовина, Кажи кој те уби, Геа (Ars Antibari, Bar), Моќта на зборот (Креативно пишување, Белград). Веројатно е на вистинското место во вистинско време, инаку ништо не би имало смисла.
Контакт: silibgd@gmail.com

БИБЕР 03

Луиза Бухарова

Педери

Луиза Бухарова е родена во Сплит, а денес живее во Загреб, каде што работи како културна работничка, преведувачка и писателка. Основачка е на Здружението за унапредување на книжевноста и културата Скрибонаути. Расказите ѝ се вклучени во регионалниот зборник Надвор од коридорот – најдобар краток расказ и во антологијата на хрватска млада проза Без врата, без тропање. Добитничка е на наградата Улазница и на наградата Прозак за најдобар необјавен прозен ракопис за автор(к)и до 35 години. Во 2019 година ја објавува својата прва книга раскази "Дали тоа бевме ние" (Jesenski&Turk).
Контакт: instagram.com/luizabou/

БИБЕР 03

Мања Величковска

Така ти требало

Мања Величковска (Скопје, 1995) дипломира на Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. Моментално е на магистерски студии на програмата Естетика на Институтот за философија на истиот универзитет. За време на своето студирање, волонтира во издавачките куќи Готен и Темплум. Сега работи како проектна асистентка во Коалиција МАРГИНИ. Дел е од тимот на неформалната регионална група Pobunjene čitateljke, а во слободно време пишува проза и книжевна критика.
Контакт: manjavelickovska6@gmail.com

БИБЕР 03

Марио Мерџан

Средба

Марио Мерџан е роден во Загреб 1993 година. По завршената општа гимназија, запишува Правен факултет во Загреб, каде што дипломирал Управно право. Автор е на кратки филмови, со кои учествувал на неколку фестивали и ревии во Хрватска и во странство. Неговиот прв филм е "Далечни гласови" (2016), а "Краток излет" (2017) е вториот. "Будење во страв" (2018) е неговиот трет филм, воедно и прв среднометражен. Освен со режија, се занимава со пишување кратки раскази, сценарија и поезија.
Контакт: mario.merdzan@gmail.com

БИБЕР 03

Милана Гајовиќ

Понор

Милана Гајовиќ завршила основни студии на Отсекот за српска книжевност и јужнословенски книжевности во Никшиќ, а магистерски студии на факултетот во Белград, каде што во моментов е докторанд. Стипендист е на Матица српска – Друштво на членови во Црна Гора. Поезијата ѝ е објавувана во Весна, списание на Филолошкиот факултет во Белград.

БИБЕР 03

Моника Херцег

Глава

Моника Херцег е родена 1990 година во Сисак. Наградата Горан за млади поети, за ракописот "Почетни координати", ја добива во 2017 година. Книгата е објавена во 2018 година и е наградена со Квириновата награда за млади поети, наградата Фран Галовиќ за најдобро книжевно дело на тема роден крај и/или идентитет, наградата Славиќ за најдобро првенче за 2018 година и меѓународната награда Мостови на Струга. Во 2018 година ја добила наградата На врв на јазикот за најдобар необјавен ракопис, а книгата со наслов "Забрана за лов" е објавена во 2019 година.

БИБЕР 03

Никола Петровиќ

Спасување гуштер

Никола Петровиќ е роден во Белград 1978 година. Проза и критички прикази објавува во периодиката, во зборници и на книжевни портали. Добитник е на наградата на Белградскиот фестивал на поезија и книги Тргни се! Поезија! 2019, за збирката раскази "Хартијата брзо гори" (Treći trg, 2019).
Контакт: nikolinmail@gmail.com
Goodreads авторска страна: https://www.goodreads.com/author/show/4844539.Nikola_Petrovic

БИБЕР 03

Слаѓана Нина Перковиќ

Прстен

Слаѓана Нина Перковиќ е родена 1981 година во Бања Лука. Дипломирала новинарство на Универзитетот во Бања Лука и политичка комуникација на Сорбона. Авторка е на збирката раскази "Готвење" и на романот "Во ендек". Живее, работи и пишува на релација Бања Лука – Париз.
http://www.sladjanaperkovic.com/

БИБЕР 03

Стефан Славковиќ

Товарник

Стефан Славковиќ е роден 1986 година во Белград. Татко и сопруг. Добитник на наградата Данило Киш за најдобар магистерски труд од областа Општа книжевност и теорија на книжевноста. Новинар на белградскиот неделник НИН, на списанието Liceulice и на билтенот Колега. Свири на тапани, но не е тапанар.

БИБЕР 03

Тамара Ковачевиќ

Маче, маче, каракаче

Тамара Ковачевиќ е родена во Белград. По кратките и содржајни кариери како преведувачка на пиратски копии на филмови, наставничка по англиски јазик, дизајнерка на цеде-омоти за порно филмови и компилации на турбофолк-музика, стекнала звање MSc Banking & Finance и повеќегодишно искуство во ревизија на финансиски извештаи. Кратки раскази и по некоја песна почнала да пишува на литературни работилници под менторство на Лидија Димковска, во организација на СКЦ Данило Киш од Љубљана. Расказите ѝ се објавени во двојазичниот зборник ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО/БО ЖЕ и во списанието "Монструм".

БИБЕР 03

Тихана Гамбиража

Жељана

Тихана Гамбиража е родена 1985 година во Задар. Поезија и проза објавувала во низа печатени и електронски списанија, од кои некои се Зарез, Ријечи, Поезија, Балкански книжевен гласник, а дел е и од зборникот Рукописи 33 и збирката раскази на здружението ЗаПис "Само ти зборувај". Добитничка е на втората награда на конкурсот Ископани раскази 4 и дел од истоимената збирка. Освоила трета награда за поетска збирка во ракопис на конкурсот Мак Диздар, во рамките на културната манифестација Слово Горчина 2019 година.

БИБЕР 03