БИБЕР 06
Го носиш бремето на својот народ, ни крив ни должен. Некој некому некогаш му направил нешто и сега ти си тој што чувствува вина или лутина, аманет што ти го оставиле другите припадници на твоето племе, често непознати, многумина веќе одамна мртви. И, колку и да се трудиш да го сокриеш или да го отстраниш, не успеваш – масното ткиво на историјата останува на твојот грб.
БИБЕР 06
По правливиот друм, каде што пладнето се спојува со сонцето, нога пред нога и паднат од нога, влечејќи го капутот ко тежок к’смет, во чизми што никаде не брзаат, Коста оди некаде.
Жега е, фатија горештините, а тој го влече капутот. Шинел, изгледа. Од каде шинел среде лето, на Коста тоа никако не му влегува в глава.
БИБЕР 06
Во нашето село вестите стасуваа бавно. Мама велеше дека живееме во тешка недојдија. И кога ќе стасаа, беа некако омекнати и испрани, било добрите, било лошите. Така и веста дека почнала војната во Босна.
БИБЕР 06
Томе не беше како другите деца.
Ни кога дојде во Кампо Каштело, а ни потоа.
БИБЕР 06
– Се вакциниравте ли?
– Да – одговорив, ненадејно пронижана од чувство на вина.
– Колку пати?
– Два.
– Двапати?
БИБЕР 05
Излитените столови на домот на месната заедница не се излитени од расправи. Претседателот на месната заедница, потемнет маж во своите шеесетти, со крајот од својата карирана кошула си ја бришеше потта од челото.
„Од феферониве“, забележа, покажувајќи со прстот на чинијата пред себе. „Не смеам поради желудникот…“
БИБЕР 05
Од раното детство речиси секој летен распуст го поминував кај баба ми, вдовицата Цвијета, во селото Г. под Острог. Последните години доаѓав сѐ поретко и на прескок. Родителите повеќе не ме праќаа на „летен одмор на свеж воздух“, туку ќе дојдев тогаш кога ќе ме повлечеше желбата. Или кога летните морски планови ќе дојдеа во расчекор со расположливите можности, па ќе се тешев дека месец-два престој кај Цвијета и познатата селска раја од детството е прифатлива алтернатива за вжарениот и празен летен Белград.
БИБЕР 05
Мама секогаш вели дека не чувствува потреба за шетање, луксузни одмори или скапи вечери. За неа е важно само времето поминато со семејството – каде и како, не е важно. Не за неа. Така се роди нашата традиција – секој ден, кога сме сите дома, некој од нас вели „Кој сака кафе, кој сака чај?“ и се осигурува дека во секој агол на Приштина, да не зборуваме за собите, одекнало ова прашање.
БИБЕР 05
На ден деветнаесетти октомври две илјади и десетта година ја погребавме баба ми. Ја погребавме во селото во државата во која се родила и го проживеала поголемиот дел од животот. Татко ми и другите деца на баба ми одлучија да ја испочитуваат нејзината последна желба и рекоа дека повеќе нема да се оптоваруваат со тоа што во селото има две цркви и што во нашава веќе со години поп нема кај кого да доаѓа. Не им пречеше што нашите гробишта се запуштени и обраснати во некакви треви. Беа среќни што околу нив нема мини. Го повикаа попот да дојде да ја погреба баба ми и платија сѐ. Толку ѝ должеа на баба ми.
БИБЕР 05
Гробиштата секогаш се наоѓаат на местата од каде што распукува најубавиот поглед. Како на мртвите да им е битно каде се. Тие се секако во дупка. Можеби е тоа поради живите, да им биде полесно, убавиот хоризонт да им ги одврати мислите. Веројатно затоа мама толку долго стои како вкопана и гледа во далечината, кон реката што се извива помеѓу ридовите. Природата овде стварно е неверојатна. Толку неверојатна што е лесно да се заборави зошто сме воопшто овде.
БИБЕР 05
Јас сум растојанието помеѓу зборовите, тишината помеѓу нотите, просторот помеѓу ѕидовите… Невидлива, скриена, скаменета. Јас сум черга од стари шумски лисја што шушкаат под војничката чизма што приоѓа сѐ поблиску и поблиску. Тој е бучава, пцост и карпа. Голема рака со брчки од земјата.
БИБЕР 05
„Де, земи малку“, кине парче и му го принесува до вдлабнатото лице.
Ја фати пред кокошарникот. Ѝ го свитка вратот, користејќи го законот на посилниот. Ја искуба со вешти рутински движења, па ја пикна во лонецот, под капакот. Водата веќе вриеше кога ги виде низ прозорецот, разулавени како дечиња што си играат војна.
А, можеби ова и е само игра.
БИБЕР 05
Ги видовме уште оддалеку. Били Кера, брат му Брацо, Мали и јас. Таман застанавме во шумичката пред полето да се договориме кој каде ќе оди на стража.
Двајцата одеа кон нашето село. Некако накривени. ‘Ко да се држат за раце.
Кера и јас се загледуваме. Толку отворено овде можат да одат само нашите. Ама, ајде знај!
БИБЕР 05
Застанавме на излезната врата од нашиот дом. Погледнав во трите лица.
„Го зедов мојот клуч од станот“, ми рече со слаба насмевка. „Во случај да не сте дома кога ќе доаѓам“, заврши, а насмевката се залепи на нашите сенки од слабата месечева светлина и го проголта неговиот шеговит тон. Се вгнезди во моето грло како нееластичен синџир. Подголтнав и ги вратив назад сите спомени додека му го бакнував лицето и ја впивав неговата топлина и мирисот.
БИБЕР 05
Секоја недела се договараме да одиме на викендица, иако, всушност, ретко одиме баш таму. Зиме, можеби, кога мразулците цврсто се држат за покривите на плевните покрај кои поминуваме. Викендицата ја направи нејзиниот маж. Всушност, тоа е куќичка што се состои од една просторија и дрвена тераса со слична големина. Лево од влезната врата се издигнува прекрасен камин направен од разнобојни камчиња, но ние сѐ уште ниту еднаш не сме запалиле оган во него.
БИБЕР 05
Прстите силно ти го тријат темето што речиси те боли. Потоа, долго стоиш под студената вода. Додека одиш бос до кујната, на табаните ти остануваат мачкини влакна. Сирупот од бозел ти истекол по фрижидерот. Ќе исчистиш, ама откако ќе го испиеш кафето. Тураш млеко, шеќер, го палиш компјутерот. Читаш мејлови, вести, фејсбук-статуси. Мислиш на морето и на својата банкарска сметка. Во Загреб се измерени 32 степени. Размислуваш да одиш на пазар, ама се откажуваш.
БИБЕР 05
Како да не е веќе тешка нашата меѓународна врска и самата по себе, туку сега уште посака таа да биде и отворена. Се вика open relationship. Со други зборови, требаше да се свртам настрана додека тој води љубов со некој друг – некој помлад или помалку бел. Холанѓаните сакаат егзотични жени и мажи. Не сакам да премолчам дека верувам оти таа привлечност доаѓа од комплексот на моќ, кој традиционално лесно го пронаоѓа својот пат до брачниот кревет, од чувството на возвишеност и финансиска надмоќ на европската раса.
БИБЕР 05
Стоиме на височинка што ни дава прекрасен поглед на околните ритчиња и на долината што ја опкружуваат.
„Она таму е Требевиќ“, покажува мама со раката на една планина. Образите ни се тркалезни и црвени од свежиот воздух, дланките пикнати во ракавите на преголемите јакни. Ливадите околу нас се сѐ уште калливи, во сенките на дрвјата снегот со последни напори ја брани територијата, ама кокичињата и качунките храбро ѕиркаат со главите и го најавуваат она што го мирисаме во воздухот. Пролетта.
БИБЕР 05
Татко ми од дуќанот донесе неколку празни картонски кутии на кои пишуваше: „Чајни колачиња“, или: „Сончогледово масло“. Рече да ги наполниме со најнужните работи, зашто повеќе од тоа нема да собере во багажникот. Спуштајќи ги кутиите на верандата, се потпре на ѕидот од куќата и долго го разгледуваше дворот. Потоа полека го креваше погледот по рапавата кора на ореовото стебло, кон крошната и кон пувкестите облаци на пролетното небо. На крајот го спушти и го остави неконтролирано да плива по рамнината во далечината. Кога ми здодеа да го следам неговиот поглед, се префрлив на набљудување на црешите на чичко Лујо, опсипани со пупки мирисливи цветови, подготвени наскоро да се претворат во сочни слатки плодови…
БИБЕР 05
Мајка ми не кажува грди зборови. Дента ја спушти слушалката од сивиот фиксен телефон со тркалезен бројчаник и рече: Ти ебам животот, почна војна!