Грахо

В мугри, кога над куќата на баба ми небото, сѐ уште виолетово од ноќната свежина, а сонцето некаде таму одзади, на другата страна од Грмеч, веќе го најавуваше доаѓањето на денот, мојот петел Грахо од врвот на крошната на јаболкницата, баш од гранката што ја гледам од својот кревет, го најавуваше новиот ден со упорно кукуригање, ѕвонливо и продорно, а за мене строго и нестрпливо. Тоа ни беше таен знак – мене да скокнам од креветот и да седнам на дрвената клупичка на прозорецот до мојата соба, а на Грахо, кога ќе ме види мене, уште еднаш да кукуригне, сега весело, па шушкајќи со крилјата во лет да се спушти од гранката кај мене в скут, сиот разбушавен. Тука се смируваше и малку дремнуваше.

Фертик

Поминував уште еднаш, ставка по ставка.
1. ЕКВ – Дум дум, касета
2. Алан Форд, Марти Мистерија, Дилан Дог, Загор – по еден број
3. Вокмен и неколку резервни батерии што ги криев три месеци очекувајќи ја можноста за овој миг
4. Дезодоранс што мириса и намачкан на испотени пазуви
5. Руждиевата „Деца на полноќта“, која не стигнав да ја вратам во библиотеката пред да изгори.

„И тоа е сѐ?“, ме праша старата.

Кафе, комшике

Вера си помисли дека ѝ се причинило, во последно време светлината и звуците си поигруваат со неа, особено при влезот со вака пробивачко бело сонце во замрачената куќа. Низ ненадејното црнило блескаат заостанатите кадри забележани во краткиот утрински период кога воопшто се осмелува да излезе надвор, пред нападот на летната жега. Откако е сама, секоја глетка се меша со некоја веќе одамна видена, како пред себе да турка вреќа во која се прпелкаат заплеткани слики од минатото, па на секое некоја ќе побегне надвор и ѝ скока пред очите. Ѝ се препушта на таа лажливост, откако остана сама, деновите и онака се сосема бесмислени и празни. Наутро пристава кафе, на масата ги става ѓезвето и шолјите. Вера знае дека Мирослав веќе го нема, ама во тој утрински ритуал како тоа да не е вистина…

Солзите исто болат

Декември. Завеан вторник. Стоев на раскрсницата кај Градскиот пазар, замотана во голем плетен шал, додека го чекав да пристигне колегата. Ноздрите ми се полнеа со мирис на пржени мекици, а кркорењето на цревата се зголемуваше. Ги удирав вкочанетите нозе една од друга за да ги загреам. Остинатото тело ми ја подгреваше нетрпеливоста. Знаев дека и во стариот голф е студено, ама барем немаше да стојам на заледениот тротоар.

Конечно, темносиниот автомобил застана пред мене. Се поднаведнав за да го здогледам познатиот лик на колегата Фатмир, кој само ми мавна со раката за да влезам внатре.

Глувонемата

Беше третата ноќ од бомбардирањата и сега веќе го имавме научено креветот, каде и со кого ќе легнеме во темниот подрум на болницата. Само што ja слушнавме заглушувачката сирена попладне, што јавуваше за опасност од бомбардирање на градот, излеговме од собите каде што бевме сместени и се симнавме по скалите во долга, еднолична и тивка редица на бремени жени, која ако се набљудува од највисокиот кат, наликуваше на извиткано тело на дебела и истоштена влечуга. Чекоревме како месечарки следејќи се една со друга со погледот на земја во следниот чекор и со мислите во нашите домови, каде што ги оставивме семејствата и секојдневните работи со вообичаените тропања и грижи, што сега изгледаа толку слатки и посакувани, намамувајќи ни ја надежта за што поскорешно враќање.

Вртлози

Врбас овде прави благ свијок и, што не му е одлика, се разгранува тука во три ракави создавајќи така мали островчиња, а подолу тие три кривулести ленти повторно се спојуваат во една. Бучи, надојден е. Брегот од оваа страна е стрмен, со врби и џбунови. Понатаму се простира рамницата, рамницата е проблем, низ темнината заканувачки непрегледна, во нејзината мрачна утроба патот исчезнува, никако да ја стигнеме.
Најмладата мора да мокри. Баш сега. Од страв, веројатно…

Црвениот облакодер

Тетка Нада беше најдобрата другарка на баба. Живееше недалеку од нас, во еден од двата облакодери од тула во улицата паралелна со нашата. Тоа беа т.н. воени облакодери, изградени 1974 година, добри 20 години по изградбата на нашиот кварт, ама од моја перспектива тие се таму отсекогаш. Ги дели тераса што денес е запуштена и зарасната во трева и пиреј, но некогаш ѝ служеше на својата цел и беше место за собирање на децата и станарите.

Кога ќе влезам дома, ја гаснам светлината

Последно ги искорнаа прозорците. Со црвени лица, заруменети ги влечеа окната, ги кршеа ѕидовите, ене го и татко ми и за час – еден прозорец од нивната куќа стои и во нашата шупа. Никаква корист од него, само се сопкаме и пцуеме, го проколнавме тоа окно веќе безброј пати, по ѓаволите нека оди, уште не отишло.

Вошки

„Дали си возач на камион?“, ме праша ќерка ми, девојче со криви нозе, кое има девет години. Инаку, кривите нозе ги наследи од мене. Моите се уште покриви. Никогаш дотогаш не ме праша со што се занимавам. Ми пријде носејќи тетратка со чисто бели корици, каде што ништо не пишуваше, ми го покажа насловот што го задала учителката и ми го постави тоа прашање. Дали сум? Требаше да напише состав за мојата професија. За професијата на својот татко.

Земја на среќата

„Глеј го, Мими, каков е“, вели мајка ми. „Што му фали?“, одговара таа, додека околу вратот ми го врзува дотраениот жолт чаршаф. „’Ко грмушка е. Треба итно да го шишаме!“ „Е, немој сега така.“ „За еден месец почнува школото. Нема да го пуштат вака во четврто...

Нема да ми веруеш

  Ова ш’о ќе ти го кажам, бато, жива вистина е… жими леб. Доста и не ми веруат. Викаат претеруем и измислуем ‘ко сите од Крпеж, дека ги бранам ‘Рватите, нашите душмани и врагои. Стар сум ја за да напаѓам и бранам било кого, а со политика не се бавтам....

Мојот братучед

  Седам на ѕитчето кај автобуската станица и го чекам братучед ми. Тој не ми е вистински братучед, ако може да ѝ се верува на баба ми. Наводно вујко ми се сплеткал со некоја хрватска курва, која му подметнала копиле. Баба ми тука се грбавела и помагала, главно...

Мустаќи на стапче или Којзнае која (прва и последна) за војната

  Плаче, цело време плаче. Тоа си мислам, тато тоа и го вели, ама додава: „И татко ѝ цело време плаче“, а јас дедо, додуша, секогаш и го памтам со марамче. Брат ми и јас седнавме во гумениот чамец паркиран среде соба. Време на големото пакување. Жолт однадвор,...

Игра: Крај

  Понекогаш седам и размислувам, а понекогаш само седам, Вини Пу (Winnie the Pooh).   Имаш десет години и прв патник си во вселената. Каубоец си, Индијанец, нинџа желка, танчар во најпопуларниот бој-бенд на светот. Една си од нив. Тие се ти. Улицата е...

Вкусот на путер од кикирики

  Се сеќавам дека првпат јадев путер од кикирики во текот на војната, а јас бев една од бегалците во Гостивар. Беше солен и сладок, но повеќе солен, една чудна комбинација, исто толку чудна колку и фактот декане бев во својот дом, ниту со целото мое семејство,...

Мачиња во ѕидовите

  Татко ми вели дека ноќе мачињата се вовлекуваат во ѕидовите на бараката, зашто бегаат од студот. Сестра ми и јас ги слушаме како грепкаат и пискаат, и се туркаат едни преку други, па потоа најтивко стануваме од креветот за да не разбудиме никого и ги ставаме...

Тераси

  Во некој замаглен период од почетокот на основното училиште, па до моето заминување од тоа училиште во петто одделение, си игравме по терасите што ги спојуваат нашите згради, а се наоѓаат над паркиралиштата каде што се наоѓаа автомобилите на нашите старци. Ние...

Кројф

  На масата од борово дрво, низ прозорецот ја набљудува глетката сосем различна од онаа што како дете ја гледаше во зимските утра додека мајка му стоеше крај шпоретот варејќи млеко. Никогаш не го сакаше мирисот на врело млеко. Се сеќава како мајка му го молеше да...

Малини

  Се викам Шемсо. Кога ќе ги наберам малините, ги редам во корпички, корпичките во гајби за малините да не се згмечат, гајбите една врз друга, па во комбе и ги возам на продавање. Луѓето велат дека нигде не пробале такви малини како нашите, сребренички. Многу...

Куќичка во шумата

  Додека забрзано одеше низ шумата, под чизмите ѝ шушкаа лисјата. Повремено ќе зачкрипеше по некое камче што ќе ѝ го прекинеше текот на мислите. Дишењето со секој чекор ѝ стануваше сѐ погласно, така што се фокусираше на сопствениот здив. Прободувачката болка во...