Александра Јовановиќ
Битка изутрина
Александра Јовановиќ, родена на 23.7.1996 година, сценаристка, драматург и поетеса, дипломирала и магистрирала драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Во моментов е на докторски студии на Факултетот за драмски уметности.
Alma Tabak
Куќичка во шумата
Алма Табак (1983), родена во Дувно (денешен Томиславград). Дипломирала германистика во 2009 година на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Сараево, а 2018 г. се стекнала со звање магистер по германски јазик и книжевност – книжевна насока. Во склоп на студискиот проект, објавила вкупно 21 песна во двојазични збирки песни и прозни текстови (2005/2006 и 2007). Повремено преведува од германски јазик на БХС и обратно, а од 2013 г. пишува SEO текстови на германски јазик. Ова е нејзин прв расказ што ќе биде објавен и, воедно, прв награден труд.
Контакт: almat@outlook.de
Aнета Велкоска
Воен чистач
Aнета Велкоска е родена во 1978 година. Живее и работи во Скопје. Работно искуство: професор, ТВ-новинар, библиотекар, писател. Добитничка на награди за поезија, проза, драма. Дела: "Што ја нервира вечноста" (2001), "Дали сите богови се романтични" (2004), "Прв македонски лексикон" (2004), "Втората љубов на каменот" (2009), "Најџиновското џуџе и најџуџестиот џин" (2010), "Лошиот Јин и Добриот Јанг" (2018), "Бескрајна рамка" (2019). Пишува драмски и филмски сценарија. Автор е на повеќе мултикултурни проекти.
Контакт: aneta.7.atena@gmail.com, Facebook: Aneta.Velkoska.
Беса Морина
Гостин
Беса Морина (1986) студирала психологија и англиски јазик. Работи како преведувачка. Има издадено дневник од војната (2001), напишан во текот на бомбардирањето на НАТО во 1999 година, преведен и на романски јазик (2008). Мажена е и има две деца. Живее во Приштина.
Контакт: morinabesaa@gmail.com
Бојан Кривокапиќ
Птички
Бојан Кривокапиќ (1985) ги објавил: "Трчај Лилит, запнуваат демоните", (Trči Lilit, zapinju demoni, кратки раскази), "Бубашвабиниот лет" (Žoharov let, поезија), "Пролетта за пат се готви" (Proleće se na put sprema, роман) и "Момчешко гнездо" (Gnezdo dečaka, поезија). Повеќепати е наградуван за книжевното творештво. За романот "Пролетта за пат се готви" во 2018 година ја добива наградата „Мирко Ковач“ за најдобро дело од млад автор во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Книжевните текстови му се преведени на италијански, германски, унгарски, албански и англиски јазик. Води работилници за креативно пишување. Живее во Нови Сад и повремено во Дубровник.
Контакт: bojankrivokapic.com
Бојан Кривокапиќ
Море
Бојан Кривокапиќ (1985) ги објавил: "Трчај Лилит, запнуваат демоните", (Trči Lilit, zapinju demoni, кратки раскази), "Бубашвабиниот лет" (Žoharov let, поезија), "Пролетта за пат се готви" (Proleće se na put sprema, роман) и "Момчешко гнездо" (Gnezdo dečaka, поезија). Повеќепати е наградуван за книжевното творештво. За романот "Пролетта за пат се готви" во 2018 година ја добива наградата „Мирко Ковач“ за најдобро дело од млад автор во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Книжевните текстови му се преведени на италијански, германски, унгарски, албански и англиски јазик. Води работилници за креативно пишување. Живее во Нови Сад и повремено во Дубровник.
Контакт: bojankrivokapic.com
Бошко Ломовиќ
Големото жолто куче
Бошко Ломовиќ (Брезна, 1944) е професор по српскохрватски јазик и книжевност, а работниот век го поминал во новинарството. Објавил 40 книги за деца и за возрасни. Поезија, проза, книжевна и ликовна критика објавувал во списанијата низ Југославија. Застапен е во повеќе антологии, за деца и за возрасни, во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија и Русија. Добитник е на бројни општествени признанија и награди за книжевното творештво. Кон крајот на 2000 година му се објавени Собраните дела во осум книги (3.500 страници) во издание на белградската куќа „Svet knjige“.
Контакт: boskolomovic@mts.rs
Динко Телеќан
Елек
Динко Телеќан е роден 1974 г. во Загреб. Ги објавил збирките песни: "Kreševa" (1997), "Градини и Црвената мена" (Vrtovi & Crvena mijena, 2003), "Зад" (Iza, 2005), "Пласт игли" (Plast igala, 2011), "Додека не ти догорат очите" (Dok ti oči ne dogore, 2017) и "Доволни причини" (Dovoljni razlozi, 2021), книгата "Слободата и времето" (Sloboda i vrijeme, 2003), патописните книги: "Лотос, прав и афион" (Lotos, prah i mak, 2008) и "Азиска свита" (Azijska suita, 2015), книгата "Пустина и други не-времени огледи" (Pustinja i drugi ne-vremeni ogledi, 2009) и романот "Дезертер" (Dezerter, 2013), за којшто ја добил наградата „Крунослав Сукиќ“ за Книга на годината што придонесува за подобро разбирање, миротворство, ненасилство и човекови права. Преведува од англиски и шпански.
Контакт: dinko2612@yahoo.com
Горан Паладин
Малини
Горан Паладин е роден 1979 година во Загреб. Во текот на школувањето се стекнал со звањето дипломиран инженер по бродоградба. Работи во струката. Пишува кратки раскази. Ја посетувал работилницата за пишување проза под менторство на Зоран Фериќ. Почнува да објавува во 2017 година.
Контакт: gpaladin@tutanota.com, www.zlolit.org
Хоја Огризовиќ
Иконата на Св. Јован
Хоја Огризовиќ (Нови Сад, 1984), проф. по биологија. Пишува кратки раскази. Го има најдоброто куче на светот. Живее во Срем.
Ирена Скопљак Бариќ
Игра: Крај
Ирена Скопљак Бариќ (Зеница, 1982) е професорка по хрватски и руски јазик и книжевност. Некои нејзини кратки раскази и песни се наградени, некои се пофалени и објавени во публикации во склоп на книжевни натпревари. Објавувала во списанијата Poezija и Tema и на порталот Strane. Коавторка е на читанка по хрватски јазик и на дигитални образовни содржини за проектот e-Škole. Досега ја објавила поетската збирка "Неприврзани" (Neprivezani, 2016) и "Син мов" (Plava mahovina, 2020). Во слободно време чита, пишува, лекторира и лудува со својата ќеркичка Дора.
Јелена Калајџија
Мустаќи на стапче или Којзнае која (прва и последна) за војната
Јелена Калајџија (1986) е родена во Пакрац, во западна Славонија. Студирала српска книжевност и српски јазик во Нови Сад. Долго се занимавала со библиотекарство. Сега е во Народната библиотека „Филип Вишњиќ“ во Бијелина. Зад себе има два двојазични библиотекарски прирачници. Објавувала текстови и прикази во книжевната периодика (Летопис Матице српске, Свеске, Детињство и други), во зборниците (Летеће виолине Милорада Павића, Читање Аркадије Славице Гароње, Визије сигнализма...), и на порталите Novi Polis и Časopis Kult.
Контакт: jela.knjiga@gmail.com
Јована Матевска Атанасова
Не зборувај лошо за мртвите
Јована Матевска Атанасова, македонска писателка и рaскажувачка, е родена на 16.6.1991 година во Битола. По вокација е дипломиран психолог. Во 2015 година го публикува својот прв роман, со наслов "Тамбовските снегови". Во 2016 година романот "Писмата во библиотеката доживува дигитално издание". Во 2015 и 2016 година нејзините раскази се дел од наградените на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“. Во 2020 година ја добива наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“. Во издавачка фаза е нејзината збирка раскази "Гладоморје – психопатологијата на едно општество".
Facebook: jovana.matevska
Маја Халапир
Триаголник
Маја Халапир е родена 1978 г. во Осијек, каде што пораснала и дипломирала англиски јазик и книжевност. Предава англиски јазик и преведува. Од 2005 г. живее во Самобор. Во 2020 г. посетува работилници за креативно пишување и започнува поинтензивно да пишува. Во подготовка ѝ е објавата на првата збирка кратки раскази.
Контакт: maja.halapir@gmail.com, Facebook: maja.halapir
Маријана Чанак
Размена
Маријана Чанак (1982, Суботица) пишува проза. Завршила на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Двократна добитничка на наградата „Лаза К. Лазаревиќ“ за најдобар необјавен расказ на српски јазик. Наградувана е на регионалните конкурси Spasimo putopis, Write Queer, Ulaznica, Portalibris. Присутна е во зборниците и списанијата во земјата и во регионот. Ја објавила прозната книга "Улични продавачи на улици" (Ulični prodavci ulica, 2002) и збирката раскази "Прамајки" (Pramatere, 2019). Живее во Нови Жедник и во Нови Сад.
Миховил Рисмондо
Тераси
Миховил Рисмондо (1999) е роден во Загреб. По завршувањето на Класичната гимназија во Загреб во 2017 г., запишува преддипломски студии по драматургија на АДУ во Загреб. На ревијата DeSADU ги претставува драмите "Хиполит од предградието" (Hipolit iz predgrađa) и "Љубов на афтер" (Ljubav u afteru), а на фестивалот KRADU – драмата "Вампир алергичен на крв" (Vampir alergičan na krv). Во соработка со Отсекот за актерска игра ја напишал авторската адаптација "Кратката историја на Роз и Гил" (Kratka povijest Rosa i Guila). Во соработка со Kazališna radionica Malik во 2018 г., пак, настанал неговиот текст "Маѓепсаниот син" (Začarani sin). Напишал и сценарио за краткиот играно-експериментален филм "Улога" (Uloga), во продукција на Загреб филм.
Контакт: mihovil.rismondo123@gmail.com, Instagram: mihovil.rismondo
Милан Воркапиќ
Нема да ми веруеш
Милан Воркапиќ е роден 1953 година во селото Тројврх, Општина Огулин, Хрватска. Завршил на Педагошкиот факултет во Ријека. Поради познатата ситуација, во 1991 година бил присилен да емигрира во Србија. Живее во Врњачка Бања, пензионер. Член е на Здружението на драмски писатели на Србија.
Милена Бабиќ
Кројф
Милена Бабиќ е родена 1980 г. во Белград. Во деведесеттите имала кратка коса и слушала панк, а во двеилјадитите студирала психологија на Филозофскиот факултет во Белград. Живее, работи и пишува во Крушевац. Кројф е нејзин прв објавен расказ.
Контакт: mileeena.babic@gmail.com
Милица Рашиќ
Мирис
Милица Рашиќ, родена 1989 година, живее и работи во Ниш. Студирала филозофија, повремено предава во училиште, преведува од француски и од англиски јазик. Пишувањето сѐ уште ѝ е вежба, со надеж дека во него ќе се пронајде.
Контакт: milicarasic89@gmail.com, Instagram: nisam.milica.rasic
Никола Николиќ
Антифада
Никола Николиќ е роден 1989 година во Подгорица. Завршил на Факултетот за политички науки и одбранил магистерска теза за квислиншките режими. Ги објавил романите "Јазол" ("Čvor", 2011), "Меандер" ("Meandar", 2014) и "Сирени за тревога" ("Sirene uzbunu", 2019), како и збирката раскази "Атакама" ("Atakama", 2016). Раскази објавува во црногорски и во регионални списанија. Пишува книжевна критика. Добитник е на наградата „Bihorska Venera“ за краток расказ. Расказите му се преведувани на албански, германски и англиски јазик. Уметнички директор е на Меѓународниот саем на книгата и образованието во Подгорица.
Контакт: nikolic.gianni@gmail.com
Никола Петровиќ
Мачиња во ѕидовите
Никола Петровиќ е роден во Белград, 1978. Проза и критички прикази објавува во периодиката, во зборници и на книжевни портали. Добитник е на наградата на Белградскиот фестивал за поезија и книги Trgni se! Poezija! за 2019 година, за збирката раскази "Хартијата брзо гори" (Papir brzo gori, Treći trg, 2019)
www.goodreads.com/author/show/4844539.Nikola_Petrovic
Петра Рапаиќ
Мојот братучед
Петра Рапаиќ. Пораснала во Црна Гора, живее во Нови Сад. Пасионирана љубителка на пишаниот збор. Главна и одговорна на блогот Fantasy by Sofia. Досега го објавила романот шеговита фантастика "Универзумот во неволја" (Univerzum u nevolji), заедно со Неша Поповиќ. Некаде по беспаќето на интернетот се провлекува електронската верзија на нејзиниот прв роман "Последниот самовилски принц" (Poslednji vilenjački princ). Некои раскази досега ѝ се вдомени во Marsonik, Pandakon, Književnе vertikalе и збирката за древните Илири на Refesticon.
Facebook: epskafantastika4, https://epicfantasyweb.wordpress.com
Сања Трпковска
Пас апорт
Сања Трпковска e родена 1980 година во Скопје, дипломирана професорка по француски јазик и книжевност. Има работено сè, од преведувач до графички уредник, освен како професоркa по француски јазик и книжевност. Пишува како самопрепишана терапија против пороци и уроци. Воли све што воле млади.
Контакт: sanja.trpkovska@gmail.com
Сенад Јусиќ
Како Дадо стана дрво
Сенад Јусиќ е роден 1967 г. во Бугојно, каде што и денес живее и работи. Електротехничар е по професија. Активното учество во војната влијаело врз неговата писателска работа, па ја објавил антивоената книга документаристичка проза "Последниот напад на првата чета" (Posljednji napad prve čete). Пишува колумни на регионалните портали. Неодамна е објавена неговата втора книга, збирката сатирични раскази "Смртта на општинскиот пратеник" (Smrt općinskog vječnika).
Контакт: gornjikopcic@gmail.com
Веса Ќена
Вкусот на путер од кикирики
Веса Ќена е родена во 1991 година во Митровица, Косово. Дипломирала драматургија на Приштинскиот универзитет. Има напишано неколку драми: "По ѓаволите со Тито", "Скутот на Дедото" и "Панталоните на Кангу", а коавторка е на драмата "Тие ќе дојдат". Во 2011, Веса, заедно со Хана, Лола и Алкета, го основа уметничкиот колектив Хавеит, со којшто главно го користат медиумот на јавни изведби, обработувајќи социјални прашања, како што се зајакнување на општествената позиција на жената, правата на ЛГБТ+ заедницата и други теми.
Контакт: vesaqena@gmail.com