Аида Шечиќ Незиревиќ

Погача

Аида Шечиќ Незиревиќ (Зеница, 1978) по струка е лекторка. Добитничка е на наградата „Фра Грго Мартиќ“ за поетскиот првенец "Кукли" (2011), наградата на Фондацијата за издаваштво на ФБиХ за романот "Враќања" (2020), III награда на конкурсот Write Queer (2021), II награда на конкурсот Марија Јурчиќ Загорка (2022) и на наградата за најдобра монодрама на регионалниот фестивал Inbox (2022). Учествувала на книжевниот фестивал „На пола пат“ (2018). Пишува поезија, проза, драми и сказни, лекторира и се бори за родовата рамноправност во јазикот.

Kontakt: aida_secic@yahoo.com

БИБЕР 05

Албина Идризи

Глувонемата

Албина Идризи (1966) дипломирала Албански јазик и книжевност во Приштина. Од 2014 година е членка на Претседателството на Сојузот на писатели на Косово, а од 2018 до 2022 негова потпретседателка. Има објавено три збирки со поезија, една збирка со раскази и три романи. Нејзиниот роман Сенките на Кулите (2009) е преведен на романски. За романот Повторно март (2019) ја доби годишната награда „Антон Пашку“, како најдобро прозно дело. Живее во Гњилане.

Контакт: al.bina@live.com, www.albinaidrizi.com, Instagram: albina.idrizi

БИБЕР 05

Амина Каја

На дното од филџанот

Амина Каја е активистка и студентка по Општа медицина на Универзитетот во Приштина. Таа го претставува Косово како Млада европска амбасадорка и истовремено е Амбасадорка на кампањата "Блокирај ја омразата. Сподели љубов!" на Советот на Европа. Во текот на годините остварила повеќе од 600 волонтерски часови со ентитети како ЕУ, УСАИД, ОН и YIHR и дејствува преку уметноста, почнувајќи од цртањето, цртежи и графички дизајн, до поезијата и изведбите. Амина се надева дека во иднина ќе ги комбинира здравството и хирургијата со уметност и активизам.

Instagram: @aminakaja.ak, Facebook: amina.kaja.77

БИБЕР 05

Ана Југо

Цртички од животот на еден бегалец

Ана Југо е родена 1988 година во Сараево. Љубовта кон книжевноста ја развила во раното детство, а нејзини песни и есеи редовно се објавувани во училишното списание. Во текот на студиите учествувала во бројни студентски размени, каде што ја открила страста кон патувањето и интересот за социјалните теми и активизмот. Живеела во повеќе држави на два континенти, што го обликувало нејзиниот светоглед и послужило како инспирација за нејзиното пишување. Добитничка е на повеќе награди за поезија и за краток расказ.

БИБЕР 05

Ана Кутлеша

Време на митарење

Ана Кутлеша (Ријека, 1985) е историчарка на уметноста и кустоска од Загреб. Членка е на кустоскиот колектив БЛОК, посветен на продукција, едукација и истражување во подрачјето на општествено ангажираната уметност. Авторка е на повеќе истражувачки текстови, а нејзини критики, есеи и прикази се објавени во различни домашни медиуми. Посетувала работилници за краток расказ во Центарот за креативно пишување и клубот Booksa, а нејзиниот расказ "Редукции" е објавен во збирката "Декамерон 2020: приказни од карантинот" (ур. Церовац/Курилиќ/Межнариќ, сопствено издаваштво).

БИБЕР 05

Андреа Хрибар Ливада

Девојченце

Андреа Хрибар Ливада е родена 1976 година во Загреб. Првите трудови ѝ се објавени во ревијата Кана во издание на „Христијанска сегашност“, каде што соработувала и како уредничка во рубриката за млади. Песни и раскази за деца ѝ се објавувани во детските списанија Радост и Зврк (Вртимушка). Во уредништвото на списанието Зврк работела 1997 и 1998 година, а 1998 година ѝ е објавена сликовницата Дарот на свети Никола, во издание на Теовизија. Идејна зачетничка и главна уредничка е на списанието за девојчиња Луна, кое излегувало во 2009 и 2010 година, и на списанието за бремени жени и родители Мамино сонце, кое излегува од 2004 год. до денес.

Kontakt: andrea@optimamedia.hr

БИБЕР 05

Аница Марцелиќ

Кафе со Јелена

Аница Марцелиќ е родена во Ричице 1955 година. Школувањето на хотелиерско-туристичката насока го завршува во Загреб, каде што го одработува работниот век. На пишувањето раскази се враќа во 2018 година, по подолг прекин. Објавува во разни списанија и на интернет-страници. Повремено се јавува на книжевни конкурси каде што често е меѓу финалистите, некаде и наградена. Кратки раскази ѝ се објавени во неколку групни збирки.

Kontakt: anica.marcelic@gmail.com

БИБЕР 05

Анте Сториќ

Земја на среќата

Анте Сториќ живее и работи во Шибеник, каде што е роден 1980 година. Автор е на кратки раскази, кратки играни филмови, документарци, музички видеоспотови и рап-поезија. Ова му е второ учество на конкурсот Бибер.

Kontakt: ante.storic@gmail.com

БИБЕР 05

Дражана Марковиќ Крезиќ

Грахо

Дражана Марковиќ Крезиќ е родена 1956 година во Мостар. Детството го поминала во Дувно, сега Томиславград, и го смета за свој роден крај. Завршила студии по архитектура на Архитектонско-урбанистичкиот факултет во Сараево. Како архитект работела во Мостар, Дувно, Хамбург, Грац, Самобор и Загреб. Мајка е на две возрасни ќерки. Се бори за женските права и за еднаквост на сите. Сега живее и работи во Загреб и Мостар. Растејќи во Дувно, мала средина тогаш на тромеѓето помеѓу Босна и Херцеговина и Далмација, ги засакала книгите.

БИБЕР 05

Дубравка Тинтор

Баба ми Аница

Дубравка Тинтор е родена во Риека 1986 година. Во 2014 година ги завршува студиите по актерска игра на Академијата за уметност Нови Сад и се стекнува со титула мастер за драмски уметности и аудиовизуелен уметник. Во 2016 година ја завршува програмата за стручно оспособување во Градскиот куклен театар Риека. Членка е на Хрватското друштво на драмски уметници. Во 2021 година ја објавува збирката "Ги врзавме желбите во шарени крпчиња" (издаваштво Редак, Сплит), каде што покрај поезијата, ги потпишува илустрациите и дизајнот на насловната. Новите песни ѝ се објавени во Балкански книжевен гласник 2022 година.

Kontakt: dubitintor@gmail.com

БИБЕР 05

Душан Радаковиќ

Вошки

Душан Радаковиќ е роден 1968 година во Зрењанин. Пишува раскази.

БИБЕР 05

Ена Катарина Халер

Кога ќе влезам дома, ја гаснам светлината

Ена Катарина Халер е родена 1996 година во Осијек, Хрватска. Во 2019 година го објавила романот „На дофат“, за којшто ја добила наградата „Ксавер Шандор Ѓалски“, за најдобро прозно дело, и „Јосип Иван Козарац“, за книга на годината. Во моментов го завршува дипломскиот труд на Архитектонскиот факултет во Загреб, работи како новинарка во културата, пишува книжевни критики и есеи.

Kontakt: enakatarina.haler@gmail.com

БИБЕР 05

Ернад Осмиќ

Заклучоци од состанокот на месната заедница на кој немаше воздржани

Ернад Осмиќ е роден 1989 година во Брчко. Од 1992 до 1999 година живеел во Хамбург. По враќањето во Босна и Херцеговина, во Брчко завршува гимназија, а 2012 година студии по босански јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Тузла. Во 2014 година станува магистер во областа. Објавил две книги поезија: "Инаетот на јазикот" (2016) и "Босански робот" (2018). Работи како наставник по Босански јазик и книжевност во Брчко.

БИБЕР 05

Горан Јанковиќ

Цела приказна, а човек…

Горан Јанковиќ е роден 1959 година во Зеница. Дипломирал филозофија и општа книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Сараево. Од војната живее во Љубљана, каде што, во КУД „Франце Прешерн“, отпочнал и две децении водел издавачка дејност. Преведува од словенечки. Повремено се јавува во регионалната периодика. Книги: "Збор-два за Петроние" (роман, 1993); "За простите нешта – forma emigrantica" (1995); "Додека облаците минуваат" (хаику, 1997); "Случка на ридот над патот" (роман, 2001); "Антологија на краткиот расказ од екс ЈУ" (1990 – 2000).

Kontakt: rudolf@kud-fp.si

БИБЕР 05

Лана Буњевац

Црвениот облакодер

Лана Буњевац е фриленс новинарка од Загреб, а пред тоа била долгогодишна новинарка во Јутарњи лист и во Глобус, и новинарка и лекторка на музичкиот портал muzika.hr. Дипломирала социологија на Филозофскиот факултет и новинарство на Факултетот за политички науки во Загреб, а магистрирала социологија и социјална антропологија на Централниот европски универзитет во Будимпешта. Членка е на Хрватското друштво на филмски критичари. Објавила едно поглавје во книгата „Светот на џезот – Од Адорно до Џон Зорн“. Пишува секојдневно, дури и кога не објавува.

БИБЕР 05

Лидија Дедуш

Фертик

Лидија Дедуш е родена 1977 година. Напишала три збирки поезија и една драма, а работи врз роман и врз збирка кратка проза. За поезијата добила три награди, а текстовите ѝ се преведувани на англиски, француски, македонски, литвански и грчки јазик, и се објавувани во списанија во Хрватска, во регионот и во странство. Во 2022 година ја добила наградата на Хрватскиот народен театар во Загреб за најдобар современ драмски текст. Членка е на Хрватското друштво на писателите. Живее со два мачори, работи и пишува во Вараждин.

Kontakt: dollutkica@gmail.com, Facebook: erzsebethorko

БИБЕР 05

Милош Перишиќ

Зборови

Милош Перишиќ (1992) доаѓа од Аранѓеловац. Студирал книжевност во Белград. Со години живеел во Рим и Амстердам, а во Србија се враќа во 2021 година, кога почнува да пишува за ЛГБТ-магазинот Оптимист. Следната година со расказот "Боршч" го освојува третото место на конкурсот за наградата „Миодраг Борисављевиќ“, а со расказот "Рунтавата Мара" наградата „Лепосава Мијушковиќ“ за најдобар расказ со тематика од ЛГБТ. "Рунтавата Мара" истата година е прочитан во емисијата "Патиштата на прозата" на Радио Белград. "Боршч", "Рунтавата Мара" и "Зборови" се извадоци од два необјавени романи за кои бара издавач.

Instagram: soul_rodeo

БИБЕР 05

Наида Мујкиќ

Колаче на среќата

Наида Мујкиќ е родена во Добој (БиХ) 1984 година. Првонаградена е на книжевно-културната манифестација Слово Горчина во Столац: награда „Мак Диздар“ на млад поет за прва збирка необјавени песни, 2006. Учествувала на неколку интернационални книжевни фестивали. Нејзината поезија е преведена на неколку јазици и објавена во книжевни списанија и антологии низ светот. Докторирала книжевност. Објавила седум книги поезија. Членка е на Друштвото на писателите на БиХ, како и на ПЕН Центарот на БиХ. Во моментов пишува колумна за списанието Publishers Weekly во Шарџа.

БИБЕР 05

Сања Мучкајева Видановска

Се викам мама

Сања Мучкајева Видановска е родена на 12.5.1967 г., во Битола. Основно и средно образование завршува во Битола, дипломира на Шумарски факултет во Скопје, а магистрира на отсек Образовен менаџмент. Издадени романи: „Грешници“, „Грешници 2“, „Самица“, „Петтата приказна“, „Поезија за месечината“ збирка поезија, „Ноемвриски крстосници“ и „И боговите имаат интернет“. Романот „Ноемвриски крстосници“ e преведен и издаден во Република Турција. Нејзини раскази се преведени и објавени во Русија. Учесник е во зборници и антологии на македонски, грчки, бугарски, српски и италијански.

Контакт: sanjamuchkaeva@yahoo.com, Facebook: sanja.muchkajevavidanovska.

БИБЕР 05

Сенад Јусиќ

Вртлози

Сенад Јусиќ е неформален уметник. Се родил, работи и живее во Бугојно. Електротехничар е по струка, општествено ангажиран по инерција, ги наследува идеите за слобода, вистина и побуна. Прозаист и поет, се пробува и во музиката. Објавил две книги, документаристичката проза „Последниот напад на Првата чета“ и збирката сатири „Смртта на оштинскиот чиновник и други морничави приказни“. Пишува колумни и критики на порталите, рецитира по асталите. Некои од расказите и песните се влезени во збирки од регионот.

Kontakt: gornjikopcic@gmail.com

БИБЕР 05

Слаѓана Нина Перковиќ

Нешто мрачно што мама го носи во себе

Слаѓана Нина Перковиќ е родена 1981 година во Бања Лука. Дипломирала новинарство на Универзитетот во Бања Лука и политичка комуникација на Сорбона. Работела како новинарка за бројни европски медиуми, како и за медиуми во поранешна Југославија. Авторка е на збирката раскази "Готвење" (2017) и романот "Во ендекот" (2020), кој влегол во поширокиот избор за НИН-овата награда, и за регионалната награда „Меша Селимовиќ“, а во 2022 година го добил и посебното признание од жирито за Европската награда за книжевност. Слаѓана живее, работи и пишува на релација Бања Лука – Париз.

БИБЕР 05

Срѓан Милијевиќ

Војна е грд збор

Срѓан Милијевиќ (1985) е дипломиран филолог по општа книжевност и теорија на книжевноста и мастер менаџер во културата. Ангажиран е на проекти од областа на човековите права и помирувањето. Неговите раскази се наградувани на регионалните конкурси во Загреб, Бањалука, Белград, Ниш... Расказот „Јас, џелат“ е награден со втората награда на Фестивалот за европски краток расказ 2017. На проектот Write the Change бил ментор по креативно пишување за млади од регионот. Првата збирка кратки раскази „На сите нас ни е првпат“ ја објавува во 2019 година. Живее и работи во Белград.

БИБЕР 05

Тена Лончаревиќ

Кафе, комшике

Тена Лончаревиќ е родена 1978 во Винковци. Професорка е по Хрватски јазик и книжевност, живее и работи во Жупања. Објавувала текстови на разни интернетски портали и во списанија. Во издавачката куќа „Огранок на Матица хрватска“ во Винковци 2020 година ја објавува збирката кратки раскази „Неми монолози“. Си ги сака семејството, зборовите, фотографијата и кучето.

БИБЕР 05

Василије Перовиќ

Размерот на бога… сепарат

Василије Перовиќ е роден 1951 во Рига (Летонија) во брак на мајка Украинка и татко Црногорец. Во текот на студиите работел во познатиот белградски студентски клуб КСТ и списанието Студент како графички дизајнер, карикатурист, сценарист и сценограф. По професионалната кариера на проектен менаџер, во 1997 во Киев го основал ЛФГ, студио за интериерски и графички дизајн, и притоа реализирал 52 успешни проекти во текот на 20 години. Во 2021 почнал да пишува и "Размерот на Бога" е еден од расказите од необјавениот омнибус кратки раскази ЛОО за неговата баба Цвијета. Живее и работи во Белград.

Kontakt: perovic.vasilije@gmail.com

БИБЕР 05

Весна Тодоровска

Солзите исто болат

Весна Тодоровска, родена 1970 година во Куманово, каде што живее и работи. Успешна на приватен и на професионален план. Дваесет и тригодишна кариера исполнета со многу обуки, награди со учениците. Дипломирала 1995 година на групата Македонски јазик на Филолошки факултет. Пишува проза и поезија. Расказот е прв нејзин објавен пишан текст. Се недева дека наскоро ќе објави и стихозбирка. Онаа што ја води во животот е мислата „Искачи се на планината не за да те види светот, туку за ти да го видиш него“.

БИБЕР 05