Да си кажеме што одамна не сме си кажале

  Волкот ги крена очите пругоре. Во нив уште живееше трепетот на неколкуте ѕвезди овдеонде расфрлани по сводот, кога со песјаците се нафрли на шепата фатена во примка. Бликна крв по снегот по кој лазеше здивот на декемвриската квечерина и расплете тенки нитки...