Нешто мрачно што мама го носи во себе
Гробиштата секогаш се наоѓаат на местата од каде што распукува најубавиот поглед. Како на мртвите да им е битно каде се. Тие се секако во дупка. Можеби е тоа поради живите, да им биде полесно, убавиот хоризонт да им ги одврати мислите. Веројатно затоа мама толку долго стои како вкопана и гледа во далечината, кон реката што се извива помеѓу ридовите. Природата овде стварно е неверојатна. Толку неверојатна што е лесно да се заборави зошто сме воопшто овде.






