Размерот на бога… сепарат

Од раното детство речиси секој летен распуст го поминував кај баба ми, вдовицата Цвијета, во селото Г. под Острог. Последните години доаѓав сѐ поретко и на прескок. Родителите повеќе не ме праќаа на „летен одмор на свеж воздух“, туку ќе дојдев тогаш кога ќе ме повлечеше желбата. Или кога летните морски планови ќе дојдеа во расчекор со расположливите можности, па ќе се тешев дека месец-два престој кај Цвијета и познатата селска раја од детството е прифатлива алтернатива за вжарениот и празен летен Белград.