Драги луѓе,

Петтиот конкурс за краток расказ Бибер затворен е на 1.6.2022 година на полноќ. Пристигнаа околу 470 раскази.

Резултатите од конкурсот ги очекуваме пред крајот на ноември 2022 година. Расказите кои ќе бидат вклучени во повеќејазичната збирка, како и добитниците на првите три награди, ќе ги избере жирито во состав: Лејла Каламујиќ, Калина Малеска и Оља Савичевиќ Иванчевиќ.

Им благодариме на сите кои учествуваа на конкурсот.

Тимот на Бибер