Колаче на среќата
Секоја недела се договараме да одиме на викендица, иако, всушност, ретко одиме баш таму. Зиме, можеби, кога мразулците цврсто се држат за покривите на плевните покрај кои поминуваме. Викендицата ја направи нејзиниот маж. Всушност, тоа е куќичка што се состои од една просторија и дрвена тераса со слична големина. Лево од влезната врата се издигнува прекрасен камин направен од разнобојни камчиња, но ние сѐ уште ниту еднаш не сме запалиле оган во него.






