Црвениот облакодер

Тетка Нада беше најдобрата другарка на баба. Живееше недалеку од нас, во еден од двата облакодери од тула во улицата паралелна со нашата. Тоа беа т.н. воени облакодери, изградени 1974 година, добри 20 години по изградбата на нашиот кварт, ама од моја перспектива тие се таму отсекогаш. Ги дели тераса што денес е запуштена и зарасната во трева и пиреј, но некогаш ѝ служеше на својата цел и беше место за собирање на децата и станарите.