Кога ќе влезам дома, ја гаснам светлината

Последно ги искорнаа прозорците. Со црвени лица, заруменети ги влечеа окната, ги кршеа ѕидовите, ене го и татко ми и за час – еден прозорец од нивната куќа стои и во нашата шупа. Никаква корист од него, само се сопкаме и пцуеме, го проколнавме тоа окно веќе безброј пати, по ѓаволите нека оди, уште не отишло.