Бибер: Вести

14.10.2019.

Соопштение за јавност за завршување на третиот конкурс Бибер

Завршен е третиот конкурс за кратки раскази Бибер, на кој учествуваа автори/ки кои пишуваат на албански, македонски, српски, босански, хрватски или црногорски јазик.

Жирито во состав Румена Бужаровска, Лејла Каламујиќ и Шкељзен Малиќи донесе одлука за расказите кои ќе добијат награда и за оние кои ќе бидат објавени во збирката.

Во прилог ја доставуваме и одлуката на жирито.

Конкурсот Бибер беше отворен од јануари до јуни оваа година. Пристигнаа вкупно 464 раскази. Тема на конкурсот беа сите раскази поврзани со помирувањето во контекст на наследството од војните и насилствoтo во земјите од поранешна Југославија, раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази кои се бават со соочување со минатото, со разградување на сликата за непријателите, со сочувство кон другите, храбри раскази кои се осмелуваат да одат во „непријателски“ чевли, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат патишта за да градиме посигурна, побезбедна и послободна иднина за сите.

Им благодариме на сите автори и авторки кои учествуваа на конкурсот, како и на жирито кое ги донесе конечните одлуки.

Повеќејазичната збирка раскази ќе биде објавена до март 2020 година. Планираме и го подготвуваме и следниот Бибер 04 конкурс, чие отворање веќе можеме да го најавиме за почетокот на 2021 година.

Им честитаме на сите наградени автори и авторки, како и на сите чии раскази ќе бидат објавени во збирката.

Бибер тим

Ана Битољану
Даворка Турк
Ивана Франовиќ
Катарина Миличевиќ
Ќерим Ондози

Соопштение на жири комисијата за Бибер 03

 

Жири комисијата на Третиот меѓународен конкурс за расказ Бибер во состав Румена Бужаровска, писателка од Скопје, Шкељзен Малиќи, писател од Приштина и Лејла Каламујиќ, писателка од Сараево, имаше задача да прочита 121 предеселктиран расказ. Жирито донесе заедничка одлука да ги награди следните раскази:

Трета награда: Mačetom ćeš me, mačetom ću te од Тамара Ковачевиќ, Љубљана

Втора награда: Lito од Анте Сториќ, Шибеник

Прва награда: Glava од Моника Херцег, Петриња

Жири комисијата би сакала да истакне дека наградените раскази се одликуваат со ефективна наративна структура, стилска софистицираност и јазична прецизност. Тие се длабоко емотивни, а зададената тема ја обработуваат со висок степен на разбирање и емпатија, при што имаат и критички пристап.

Покрај наградените три раскази, во антологијата Бибер 03 ќе се најдат и следните авторки и автори: Абид Јариќ, Аида Шечиќ Незировиќ, Анета Петрушевска, Африм Демири, Беса Калаја, Бојан Тодоровиќ, Бојана Бабиќ, Габријел Делиќ, Гордана Стојаноска, Димитрије Буквиќ, Драгана Ранѓеловиќ, Ернад Осмиќ, Имер Топаница, Исидора Петровиќ, Луиза Бухарова, Мања Величковска, Марио Мерџан, Милана Гајовиќ, Никола Петровиќ, Слаѓана Нина Перковиќ, Стефан Славковиќ и Тихана Гамбиража.

Во овие разновидни кратки прозни парчиња среќаваме интимни записи за војните на просторот на поранешна Југославија, наративи за бегалци, соочување со трауми, испитување на злото и доброто кај луѓето, средби со бегалците од 21 век, па и дистописки визии. Без разлика на тоа дали расказите произлегуваат од личното и секојдневното или пак од општиот историски контекст, сите длабоко го промислуваат светот во кој сме затечени, изразувајќи сочувство кон човековите несреќи и страдања.

Жири комисијата изразува задоволство што и овојпат Бибер привлече авторки и автори со книжевно искуство, но и такви чиишто кариери се во зачеток.

Жири комисијата им се заблагодарува на сите коишто се пријавија на овој конкурс и им посакува успех во понатамошната работа.

Румена Бужаровска
Лејла Каламујиќ
Шкељзен Малиќи


11. 06. 2019.

Затворен е конкурсот за краток расказ Бибер

На конкурсот можеа да бидат пријавени најмногу два раскази во периодот од 22.01. до 10.06.2019 година.

Се заблагодаруваме на сите кои ги испратија свои раскази.

Жирито ќе избере три раскази кои ќе бидат наградени. Најмалку 20 раскази ќе бидат избрани за да бидат објавени во повеќејазичен зборник. Одлуката на жирито ќе биде соопштена до крајот на октомври 2019 година. Во состав на жирито се Лејла Каламујиќ, Румена Бужаровска и Шкељзен Малиќи.


22. 01. 2019.

Трет регионален конкурс за краток расказ Бибер


Конкурсот е отворен за авторки и автори кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик, афирмирани, како и на оние кои досега немаат објавувано.

 

Тема на конкурсот

Првите два конкурси Бибер беа на тема помирување, а овој пат темата е проширена. Покрај расказите кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството на војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, во превид доаѓаат и раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази кои се бават со соочување со минатото, кои ја разградуваат сликата за непријателите, храбри раскази кои се осмелуваат да одат во “непријателски” чевли, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.

Конкурсот е отворен до 10. 06. 2019.

Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди:

  1. награда 800 евра
  2. награда 600 евра
  3. награда 400 евра

Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазичен зборник.

Жирито го сочинуваат Лејла Каламујиќ, Румена Бужаровска и Шкељзен Малиќи.

Одлуката на жирито ќе биде објавена до крајот на октомври 2019 година.

Конкурсот го организира тимот на Бибер со поддршка на Центарот за ненасилна акција Сараево-Белград.

Со овој конкурс, исто така, сакаме да придонесеме кон културата на преведување и објавување на автори/ки од нашето најблиско соседство и да ги поддржиме ангажираните автори/ки да продолжат да влијаат врз општествените промени.

Ве молиме за овој конкурс да ги известите сите кои сметате дека би биле заинтересирани.

Тимот на Бибер и Центарот за ненасилна акција
biber@nenasilje.org

Правила и услови на конкурсот

  1. Пријавувањето на конкурсот се врши исклучиво по електронски пат, преку пријавен формулар.
  2. Расказот треба да одговара на темата на конкурсот.
  3. Расказот не смее да биде подолг од 9.000 карактери (со празни места).
  4. Расказот мора да ја запази формата на краток расказ. Други форми (есеи, песни, драми, статии од весници итн.) нема да се разгледуваат.
  5. Расказот треба да биде напишан на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик (се подразбираат и другите називи од овие јазични групи, како на пр. српско-хрватски јазик).
  6. Документот во кој се наоѓа расказот да биде именуван според насловот на расказот.
  7. Расказот не смее да биде претходно објавуван, интегрално или во склоп на некоја поголема целина.
  8. Расказот треба да биде испратен најдоцна до 10.06.2019. во 24.00.
  9. Авторките и авторите можат да испратат најмногу два кратки раскази.
  10. Со учеството на конкурсот авторките и авторите се согласуваат нивниот расказ, доколку влезе во потесниот избор, да биде објавен во Бибер збирката.

Доколку расказот не ги исполнува условите на конкурсот, ќе мораме да го дисквалификуваме.