Конкурсот е затворен
Драги луѓе,
Четвртиот конкурс за краток расказ Бибер е затворен на 1.12.2020 година. Пристигнаа повеќе од 750 раскази.
Резултатите на конкурсот ги очекуваме кон крајот на април 2021 година. Жирито во состав Татјана Громача, Антон Беришај и Селведин Авдиќ ќе ги одбере расказите кои ќе влезат во повеќејазичната збирка и ќе ги одреди добитниците на првите три награди.
Им благодариме на сите кои учествуваа на конкурсот.
Тимот на Бибер