Петти регионален конкурс за краток расказ Бибер

Петти регионален конкурс за краток расказ Бибер На Денот на човековите права 2021 година го отвораме петтиот конкурс за краток расказ Бибер. Кратки раскази можe да праќаат авторки и автори кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик; афирмирани автори, како и оние кои досега немаат објавувано.

 

Тема на конкурсот

Покрај расказите кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството на војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, предвид доаѓаат и раскази што можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази што се занимаваат со соочување со минатото, со разградување на сликата за непријателите, со сочувство за другите, храбри раскази што се осмелуваат да влезат во „непријателска“ кожа, раскази што ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.

Конкурсот е отворен до 1. 06. 2022.

Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди:
1. награда 800 евра
2. награда 600 евра
3. награда 400 евра

Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазичен зборник. Жирито го сочинуваат Лејла Каламујиќ, Калина Малеска и Оља Савичевиќ Иванчевиќ. Одлуката на жирито ќе биде објавена кон средината на ноември 2022 година.

Конкурсот го организира тимот на Бибер со поддршка на Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград. Со овој конкурс сакаме да придонесеме и кон културата на преведување и објавување на автори/ки од нашето најблиско соседство и да ги поддржиме ангажираните автори/ки да продолжат да влијаат врз општествените промени.

Пишувајте и праќајте ни ги вашите раскази, не радува читањето,

Тимот Бибер


 

 

Правила и услови на конкурсот
  1. Пријавувањето на конкурсот се врши исклучиво по електронски пат, преку пријавен формулар.
  2. Расказите треба да одговараат на темата на конкурсот.
  3. Расказот не смее да биде подолг од 9.000 карактери (со празни места).
  4. Расказот мора да ја запази формата на краток расказ. Други форми (есеи, песни, драми, статии од весници итн.) нема да се разгледуваат.
  5. Расказот треба да биде напишан на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик (се подразбираат и другите називи на јазици од овие јазични групи, како на пр. српско-хрватски)
  6. Документот во кој се наоѓа расказот да биде именуван според насловот на расказот.
  7. Расказот не смее да биде претходно објавуван, интегрално или во склоп на некоја поголема целина (ниту на блог или портал).
  8. Расказот треба да биде испратен најдоцна до 1.6.2022.
  9. Авторките и авторите можат да испратат најмногу два кратки раскази.
  10. Со учеството на конкурсот авторките и авторите се согласуваат нивниот расказ, доколку влезе во потесниот избор, да биде објавен во Бибер збирката.
  11. Расказите кои ќе бидат вклучени во збирката не смеат да бидат објавени пред самата збирка да излезе од печат без договор со тимот на Бибер.

 

Доколку расказот не ги исполнува условите на конкурсот, ќе мораме да го дисквалификуваме.